Од партијата велат дека Зибери денеска го добил решението дека е позитивен на корона вирусот, но не знаат кога и каде се заразил, бидејќи како што велат во кампањата имал контакт со многу луѓе

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јули, 2020 16:25

Насер Зибери позитивен на Ковид -19!

Фото/Текст извор: ©Фокус.мк

Кандидатот за прв премиер Албанец Насер Зибери е позитивен на Ковид-19, потврдија од ДУИ за Фокус.мк.

Од партијата велат дека Зибери денеска го добил решението дека е позитивен на корона вирусот, но не знаат кога и каде се заразил, бидејќи како што велат во кампањата имал контакт со многу луѓе.

„Фокус“ се обиде да стапи во контакт со Зибери, но тој не одговараше на нашите телефонски повици и смс пораки.

Утре се одржуваат десетите парламентарни, а петти предвремени избори а право на глас имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.

Ахмети неодамна додаде дека нивниот кандидат Насер Зибери има многу поголемо искуство отколку Зоран Заев и Христијан Мицкоски и притоа нема ниту еден скандал зад себе.

Оваа идеја, оваа иницијатива за отстранување на сите пречки во насока на потполна еднаквост, наиде на невообичаени, избрзани и необјасниви реакци. Пријатели, да се зборува без размислување е како да пукаш бесцелно. Ние долго размислувавме за овој чекор и констатиравме дека по спроведувањето на нормативниот дел од Охридскиот Договор, по Уставните измени, името, Преспанскиот и Договорот за Добрососедтво, после членството во НАТО и отворањето на преговори со Европската Унија, дојде време да ја претставиме и ова цел за доброто на нашата земја – рече Ахмети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести