Седум земји не дозволија почеток на преговори

Објавил: Узунов Бобан | 19 јуни, 2019 8:47

Највлијателните земји во ЕУ не дозволија датум за Македонија, еве кои се

Фото/Текст извор: ©магазин

Земјите кои не дозволија датум за преговори, гледајќи по број на население, големина на економии и политичко влијание се земјите кои го имаат клучниот збор во Европската унија. Политички влијателните Франција, Германија и Шпанија, но и земји кои традиционално имале позитивен пристап кон проширувањето рекоа НЕ за Македонија. 

Тоа е порака за која треба да се размисли и Владата, ипокрај тоа што реши клучни надворешно политички спорови, ова ова е потврда дека реформите слабо се спроведуваат и земјата нема капацитет да почне преговори. 

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прес-конференцијата по министерскиот состанок за општи работи на ЕУ на кој повторно се одложи одлуката за отворање на преговори со С. Македонија и Албанија, порача дека колективниот кредибилитет на Унијата е во прашање.

На денешниот ЕУ Совет 7 членки биле против датум за преговори со Македонија и Албанија: ФРАНЦИЈА, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија. 12 членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, ИТ, СЛО, ХР, БГ, РО, ЕСТ, Латвија, Литванија. Грција и другите воздржани! – напиша екс министерот за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Твитер.

„За жал, малцинство на земји-членки не беа во можност да го поддржат јасниот предлог на Европската Комисија да се отворат преговори со С. Македонија и Албанија. ЕК цврсто верува дека ЕУ треба да ги награди тие кои ги исполниле барањата поставени од самиот Совет минатата година, нашиот колективен кредибилитет е во прашање, во прашање еднакво се и нашето влијание и поттик“, изјави Хан на прес-конференцијата.

Официјално, главна причина за тоа е „ограниченото време” со кое располага германскиот Парламент, кој има обврска да ги одобрува одлуките поврзани за проширувањето, иако многумина сметаат дека станува збор за недостиг на политичка волја, бидејќи се знаеше дека во јуни ќе се одржи оваа дискусија, а останува уште една седница на Парламентот на крајот на јуни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.