Сега за одземање на мандатот на Груевски повторно истото. Ги окуражи пратениците да се поведат од законот, што сите го протолкувавме како виза за гласање -за, кога ништо од тоа.

Објавил: admin@magazin | 30 мај, 2019 10:35

Николовски: „Секоја чест за Груевски, од секогаш знаел да биде владетел„

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Секоја чест за Груевски. Од секогаш (не баш од секогаш) знаел да биде владетел. А владетелите или ги мразиш или лудо ги сакаш.

Дали пратениците на ВМРО ДПМНЕ кога стануваат наутро, одат на работа и потоа си легнуваат си замислуват како од некаде нивниот Лидер-ги гледа. Или пак дури и посакуваат да е така. Што си велат во себе, можеби и меѓу себе-ќе се врати, а!?

Колку надеж и желба има во тоа-„а“?! Можеби ќе ги пофали што ете никогаш не се откажале од него. Не го даваат.

Тој за нив е тука, меѓу нив. Тој уште е пратеник. Ма каков пратеник, тој си е уште- претседател на ВМРО ДПМНЕ. И ќе ги награди. Можеби пак ќе бидат пратеници, или можеби и министри, а! Каква моќ е тоа од далеку да ги контролираш луѓето, како со далечински управувач (далечинско -во натамошниот текст). А тие среќни како, како…како телевизор. Едвај чекаат домаќинот да го вклучи и да ги менува канилите, кој како ќе му здосади.

Ама ете работи, во функција е.

Секоја чест за Груевски. Од секогаш (не баш од секогаш) знаел да биде владетел. А владетелите или ги мразиш или лудо ги сакаш. Оние што ги мразат не ги земам за анализа, а оние што ги сакаат тоа го прават по три основи. Едни од страв. Други од интерес. Трети од глупост. И тој тоа го знае.
Но тоа далечинско што го држи во раката се чини најмногу му пречи на сегашниот, актуелен лидер на партијата. Ех да може да му го земе! Вака само му ги брка каналите. Таман ќе фати една програма, оп, тој оддалеку ќе му го смени каналот.
Не може публиката да се навикне на него. Го гледа, загледува им личи на нивниот стар лидер, ама не, не е тој. Се труди, с`е прави исто, а сепак- различно!
Тој за Заев вели дека е превртлив и дена не треба да му се верува. Можеби.

Но кај Заев е се видливо. Што на ум, тоа на друм. Какво е такво е. Уште од како ја почна кампањата пред изборите, ништо не сокри: Едно општество за сите, закон за јазиците познат како Тиранската платформа, Договор со Бугарија, (највмровски идеал од времето на војводата,) Преспански договор со најдушманот Грција, референдум, и ете можеби и попис ќе спроведе!( За тоа што не го направил, а го ветил, друг пат. Му го собирам.)

Па дури ако сакате можам дури и да го споредам со Груевски. Тој иако тирански на некој начин (не од Тирана) сепак имаше јасни, свои црсти и за него препознатливи ставови, за она во што веруваше, или сакаше ние да веруваме. (Не е битно за овој текст.)

За разлика од нив двајцата, сегашниот се извинувам за зборот, „намесник“ на партијата, се губи во изјавата која како лапсус ја кажа во едно интервју: „Подобро е да немаш став одошто да имаш погрешен став, пардон, подобро е да имаш одошто да немаш… !“ Отиде братко! Тоа што тогаш како по грешка го кажа цело време го практикува. Му избива од потсветста. Нема јасен став. Каков и да е. За референдумот неколку пати се премислуваше, па потоа одлучи дека не може да одлучи. Па ги остави симпатизерите сами да одлучат.

Сега за одземање на мандатот на Груевски повторно истото. Ги окуражи пратениците да се поведат од законот, што сите го протолкувавме како виза за гласање -за, кога ништо од тоа. Дали повторно тој став беше нестав или пак овие пратеници не го фермаат па си гласаат по свое, убедени во големиот кам бек на својот човек!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...