Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека во периодот додека СДСМ е на власт државата   стагнира, ништо не се гради и нема никакви нови проекти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2019 10:59

“Оваа влада е најнеспособната досега, не може да ги заврши ни проектите што ВМРО ги започна”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со СДСМ зборот не важи, туку зборот лажи. Оваа влада на Заев е најнеспособната досега, стои во соопштението на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.


Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оваа влада на Заев е најнеспособната досега

-Реализацијата на капитални инвестиции од 13.7% за првите 5 месеци е срамно и невидено ниско досега. Мизерната реализацијата на капиталните инвестиции од страна на СДСМ говори за нивната неспособност, неработа и некадарност да го реализираат тоа што самите го предвиделе. Доколку СДСМ продолжи со ова темпо да „работи“ капиталните инвестиции за целата 2019 година нема да достигнат ниту 30% што ќе биде убедливо најлошата година во Република Македонија, стои во соопштението на ВМРО.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека во периодот додека СДСМ е на власт државата   стагнира, ништо не се гради и нема никакви нови проекти.

-Нивната неспособност оди до таму што не можат да ги завршат проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна, а не можат ниту да ги пуштат во употреба готовите проекти кои им ги остави  владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нема 600 километри нови патишта, нема 550 километри нови магистрални патишта, нема  студентски град, нема нови факултети, нема нови училишта, а нема ниту нови болници и новиот Клинички центар. Република Македонија повеќе не смее да стагнира. СДСМ и Зоран Заев докажаа дека не можат да реализираат апсолутно ништо во корист на граѓаните. СДСМ и Заев мора да си заминат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.