Астероидите, понекогаш наречени и мали планети, се небесни тела од нашиот Сончев систем кои орбитираат околу Сонцето.

Објавил: Весна Петровска | 25 мај, 2019 14:12

Огромен астероид утре ќе прелета близу Земјата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во недела покрај Земјата ќе прелета астероид, соопштува НАСА.

Станува збор за бинарен астероид , кој орбитира еден околу другиот. 1999 KW4 ќе прелета покрај Земјата во недела на 26. мај околу 1 часот наутро со неверојатна брзина од 67 000 км/час.

Астероидите, понекогаш наречени и мали планети, се небесни тела од нашиот Сончев систем кои орбитираат околу Сонцето.

Тие се остатоци од материјалот од кој се создал Сончевиот систем. Една теорија вели дека тие се остатоци од планета која била уништена од судар одамна во минатото. Но научниците сметаат дека според составот и количеството на астероидите, оваа теорија отпаѓа. Пресметано е дека вкупната маса на сите астероиди кога би се собрала во еден објект, тој не би имал ни 1500 km во дијаметар, речиси двојно помалку од дијаметарот на Месечината. Во сета таа маса Церера, 933 km во пречник, учествува со 25%.

Во продолжение можете да ја видите како орагнизацијата Minor Planet Centre визуелно го објаснува патот на астероидот, исто така организацијата го карактеризираше како потенцијално опасен објект.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.