На југот на Банат денеска и утре ќе дува засилен ветер со брзина преку 24 m/s, кој во понеделник на 4 ноември, ќе ја намали брзината, предупреди Хидрометеоролошкиот завод во Србија.
Во Србија утре ќе биде претежно облачно, со слаб дожд на југозападниот дел од земјата. Утринската температура ќе се движи од 7 до 12 стенепи, а дневната од 16 до 22 степени.
Минатиот период Србија се соочуваше со големи материјални штети по силното невреме што ја зафати земјата. По обилните дождови и поплави, вонредна одбрана од поплави беше воведена на целата територија на Србија.
Евакуирани беа 297 лица, а оштетена беше и дел од патната инфраструктура. Вонредна состојба беше прогласена во 12 општини, при што меѓу најзагрозените подрачја се Краљево, Книќ, Трстеник, Врњачка бања.
Од речните корите беа излеани повеќе водни текови, поплавувајќи земјишта и села. Спасувачките екипи и тимовите за вонредни состојби беа на теренот, а на некои места беше ангажирана и армијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.