Османи истакна дека Македонија е подготвена да ја прифати новата методологија предложена од Франција, но само ако со неа се предвидува полноправно членство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 ноември, 2019 20:21

Османи: Нема да има предизборна коалиција со СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања во емисијата “200“ на телевизија Алсат истакна дека очекува позитивна динамика во однос на членството на Македонија во ЕУ.

Османи истакна дека Македонија е подготвена да ја прифати новата методологија предложена од Франција, но само ако со неа се предвидува полноправно членство.

Бујар Османи, Вицепремиер задолжен за европски прашања, висок функционер во ДУИ, еден од наследниците на Али Ахмети, идејниот творец на Северна.

Османи зборуваше и за можните коалиции на ДУИ, но кажа дека најверојатно нема да има предизборна коалиција со СДСМ. Османи одговори и на обвинувањата на опозицијата и јавноста на сметка на нивните функционери за корупција.

Кого преферирате за можни идни коалиции, идни партнери?

Јас мислам дека секој од нас, секоја политичка партија прво треба излезе пред граѓаните да ја добие довербата од граѓаните, а потоа да се разговара за коалиции, изјави Османи.

Дали ова значи дека сте отворени и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ?

Јас мислам дека граѓаните треба да одлучат кој ќе биде во Владата. Ја исклучувам можноста за коалиција со СДСМ, ние имаме соработка…,нагласи Османи.

Значи ја исклучувате можноста пред изборите, да речете сега, да, нашиот иден партнер ќе биде СДСМ.

Сметаме дека се уште имаме теми за кои…јас сум против концептот на де-етнизирање на албанската политичка сцена во Македонија, односно не албанска, туку било која политичка сцена да се де-етнизира…, истакна Османи.

Не ја исклучувате СДСМ но не ја исклучувате ниту ВМРО-ДПМНЕ за коалиционен партнер?

Мислам дека граѓаните треба да одлучат кој ќе биде нивен претставник, иако со СДСМ имаме добра соработка во овие три години“, рече Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести