Западнонилската треска се шири низ Балканот

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 16:39

Прва жртва на западнонилската треска во Романија во Македонија потврдено дека нема инфицирани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Романското Министерство за здравство денеска соопштија дека е регистрирана првата жртва на западнонилската треска во Романија оваа сезона додека Македонското штотуку потврди дека двата сомнителни случаи се негативни на вирусот.

Станува збор за 79-годишен маж од источнороманскиот округ Галац кој имал и други заболување а западнонилската треска само дополнително ја влошила неговата здравствена состојба.

Според податоците на романскиот Национален центар за следење и контрола на заразните болести во периодот од 2 мај па до 8 август во Романија се регистирани вкупно 23 лица инфицирани со вирусот на западнонилската треска од кои 11 само во текот на овој месец.

Најголемиот број од заразените се од реоните долж течението на реката Дунав како и од источните делови на Романија.

Претходно денеска и грчкото Министерство за здравство информира дека од почетокот на летото во Грција се регистирани 55 случаи на лица заболени од Западнонилска треска, од кои починале две на возрасaт од над 80 години.

Пред два дена српскиот Институт за јавно здравје “Др. Милан Јовановиќ – Батут” соопшти дека во Србија годинава се регистрирани 102 случаи на лица заболени од западнонилска трска, од кои деветмина починале.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.