Но, не само Заеви, во овој случај вмешани се и Александар Кирацовски, Мила Царовска и уште многу други функционери на СДСМ.

Објавил: Владо Марин | 27 јули, 2020 9:23

СДСМ и Заев ќе одговараат за целиот рекет што го спроведоа во Република Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владата на СДСМ предводена од Заев ќе остане запаметена по случајот „Рекет“. Повеќе од јасно е дека милионската сума од целиот овој случај завршила кај Зоран и Вице Заеви.

Но, не само Заеви, во овој случај вмешани се и Александар Кирацовски, Мила Царовска и уште многу други функционери на СДСМ.

Ова беше потврдено и од страна на Боки 13 кој е само извршител во овој случај, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Царовска била дел од шемата за перење на парите преку Меѓународен сојуз која како министерска за труд и социјална политика му помагала на Бојан Јовановски. Кирацовски пак посредувал со бизнисмен кој што понатаму е рекетиран.

За сето ова функционерите на СДСМ не ги негираа ваквите искази и тоа потврдува дека целата операција била овозможена и спроведена од нив. Македонија со Заев и СДСМ само тоне.

Криминалот, корупцијата и рекетот мора да станат минато, а одговорност мора да има. Граѓаните заслужуваат подобро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести