Мери по масакрот кој го изврши нејзиниот внук, изјавила дека Брентон не е внукот кој таа го познава

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 март, 2019 11:14

Се огласи бабата на масовниот убиец од Нов Зеланд- открива детали за неговото детство

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Мери Фицџерланд е бабата на масовниот убиец кој во Нов Зеланд го одзеде животот на дури 50 лица. 

Брентон Тарант бил среќно и исполнето дете се до моментот кога починал неговиот татко. ФОТО: Точка

81- годишната Мери по масакрот кој го изврши нејзиниот внук, изјавила дека Брентон не е внукот кој таа го познава, и дека се уште е во неверување дека токму тој извршил вакво крвничко убиство.
Мери изјавила дека Брентон всушност бил мирно дете, кое поголемиот дел од времето го поминувал во играње на компјутерски игри, а во тинејџерските години не бил многу заинтересиран за девојчиња.

“Бракот беше премногу напорен за него”, додала Мери.

Осумдесет и едно годишната баба на Брентон открива дека всушност тој како и сите деца бил нормално дете со среќно детство но смртта на татко му го многу го погодила. Неговиот татко починал во 2010-та година од рак, а неговата смрт оставила голема трага кај Брентон кој потоа седум години патувал низ Европа и Азија.

Мери изјавила дека Брентон пред извесно време се вратил во својот роден град Графтон за роденденот на својата сестра, но никој од нив не забележал ништо чудно или поинакво кај него.

 

Според инспекторите кои ја вршат истрагата ваквиот крвав терористички напад Брентон го планирал две години додека живеел во Нов Зеланд.

Вујкото на Брентон изјавил дека за страотната случка дознал преку вести.

“Прво помислив дека не е можно, а потоа ја видов неговата фотографија. Тоа не е добро. Тоа е непоправливо”, изјавил вујкото на убиецот, Тери Фицџералд.

Извор : Точка

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести