Наводно Бети била назначена за претседател на второстепена комисија во Владата и тоа без положен правосуден испит.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2019 18:48

СРАМОТА: Партијата ја сакам повеќе од фамилијата- нов случај на непотизам, овој пат Русеска во главната улога

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Порталот Охрид скај“ ексклузивно објави уште еден случај на непотизам, ист како оној на пратеничката Мира Дизел, но овој пат од нејзината охридска сопартијка Бети Русеска.  

Како што пишува новинарот на порталот Охрид скај“, долго време се мислел дали да ја објави оваа пикантерија поврзана со Бети Русеска, која како што наведува порталот по доаѓањето на власт на владеачката СДСМ, добила висока функција и тоа без квалификациите кои се бараат за таа позиција.

Како што објави порталот Охрид Скај, Бети ги вработила своите два сина во државни институции ФОТО: ОХРИД СКАЈ

Наводно Бети била назначена за претседател на второстепена комисија во Владата и тоа без положен правосуден испит.

Како што обелодени порталот, Бети веднаш ја злоупотребила својата функција и во рок од еден месец, успеала да ги вработи своите два синови и тоа едниот  во државни служби на МВР, а другиот во Царина.

Порталот ОхридСкај наведува дека по претседателските избори на кои СДСМ реално извади поразувачки резултати во однос на претходните парламентарни избори, Русеска пред делегатите на Централниот одбор на СДСМ рекла дека премногу ја сака партијата за повторно да дозволи ВМРО да се врати како владеачка партија.

Претседателе, другари и другарки, јас партијата ја сакам повеќе од татко ми и од мајка ми, повеќе од мојата фамилија. Не можам да дозволам пак да бидам 10 години во опозиција, рекла Бети.

Целата сторија може да ја прочитате на порталот Охрид Скај

 

ИЗВОР: ОХРИД СКАЈ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести