Канал 5 беше на лице место, смрдеа на ѓубре, урина и измет во комбинација со насобрано ѓубре излегува од станот број 11 во зграда на улицата Џон Кенеди, ваква слика наиде телевизиската екипа.

Објавил: Весна Петровска | 12 октомври, 2019 15:54

СТАН ПОЛН СО СМРДЕА И ЃУБРЕ: Станарите од Чаир очајни – бараат помош!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Жителите во скопската населба Чаир се жалат на неподносливата смрдеа која доаѓа од соседниот стан.

Канал 5 беше на лице место, смрдеа на ѓубре, урина и измет во комбинација со насобрано ѓубре излегува од станот број 11 во зграда на улицата Џон Кенеди, ваква слика наиде телевизиската екипа.

Станарите за телевизијата велат дека се очајни и бараат помош од инситуциите, затоа што смрдеата влегува во нивните домови. Соседите велат дека со жената која живее во станот не се разговара нормално и дека е агресивна.

Станарите во очај не знаат веќе каде се обратат, за својата сага се обратиле во сите инстиутции.

Додаваат дека 70 годишната жена од пред неколку години почнала да се однесеува повлечено да не одржува хигиена и да носи ѓубре од улица. Бараат да и се помогне, бидејќи жената има голем проблем. Од како паднале темепратурите тие дежураат покрај отворениот стан за да не направи пожар.

Од Центарот за социјални грижи доаѓале неколкупати, но жената не била дома или одбивала да дојде во центарот или не била во нејзиниот стан. Станарите молат за помош, бидејќи веќе во зградата има и глодари, а смредата влегува и во нивните домови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести