Несреќата се случила на околу еден километар од наплатната рампа кај во Тетово.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јуни, 2019 11:56

Тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово – Скопје, двајца повредени!

Фото/Текст извор: ©алсат онлине магазин

Две лица се повредени кога утрово автомобилот од засега непознати причини, излетал и се превртел покрај автопатот Тетово-Гостивар.

Тешката несреќа се случила на околу еден километар од наплатната рампа кај во Тетово. На местото на настанот се забележани полицијата, противпожарни екипи и возила на Брзата помош.

Како што известуваат медиумите, двајцата патници не се во животна опасност. Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за случајот.

Завчера на скопската улица „Првомајска“ се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загубија две лица.
Во тешката сообраќајна несреќа која се случи  на скопската улица Првомајска, загинаа две машки лица.

Според зборови на очевидци, момчињата биле починати и пред да пристигнат екипите на итната помош. Во судирот учествувале два автомобила кои беа целосно уништени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести