петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Трагедијата се случила откако 36 годишната жена претходно го фрлила своето дете, а потоа и самата скокнала од 4ти кат. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јуни, 2019 11:11

ТРАГЕДИЈА: Мајка му ги пресекла вените на своето дете и го фрлила од 4-ти кат а потоа се самоубила

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голема трагедија се случи денеска во Белград откако загинаа мајка и нејзиното дете. 

Трагедијата се случила откако 36 годишната жена претходно го фрлила своето дете, а потоа и самата скокнала од 4ти кат. 

Трагедијата се случила утринава околу 8 часот и 20 минути

Според неофицијалните информации на српски Курир, трагедијата се случила откако најпрво во 8часот и 20 минути се случил пожар, а полицијата се сомнева дека мајката најпрво ги пресекла вените на својата три годишна ќерка, и ја фрлила од 4ти кат, а потоа и себеси ги пресекла вените и се фрлила.

Девојчето на лице место додека пристигнала Брза Помош давала знаци на живот, но малку потоа починала. Сшпоред неофицијални информации на српски Курир, надлежните органи испитуваат дали жената го предизвикала пожарот. До сега немало пријава за насилство во ова семејство.

Вознемирените соседи не можеле да поверуваат што се случило, и изјавиле дека се чинеле како среќно семејство.

Од Брзата Помош за српски Курир, потврдиле дека констатирале смрт и на мајката и на детето.

Голем број од станарите се собрале пред зградата, а на еден од членовите на семејството докторите му давале помош на лице место бидејќи му се слошило од ваквата трауматична вест.

Трагедијата се случи утрината околу 8 часот, во стан во зграда на Бежаниска коса.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.