На регионалниот пад Чаѓавица – Бања Лика обилниот дожд, громовите и градот предизвикаа намалена видливост и го отежнаа сообраќајот.

Објавил: Весна Петровска | 3 септември, 2019 0:33

„Убиецот на летото“ направи хаос во Хрватска, а во БиХ вистински потоп

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Големо невреме денеска го погоди северозападниот дел на Босна и Херцеговина, невреме имаше и во Хрватска кај нас се уште нема најава за невреме.

На регионалниот пад Чаѓавица – Бања Лика обилниот дожд, громовите и градот предизвикаа намалена видливост и го отежнаа сообраќајот.

Поради невремето гоголем број возачи ги паркираа автомобилите покрај патот бидејќи не можеле да возат во такви услови.

 

 

А во Хрватска метеролозите овие неколку дека најавуваа голема промена на времето дури и ја нарекуваат „убиец на летото“, токму таа денеска во поголемиот дел на Хрватска направи вистински хаос.

Големо невреме денеска ја погоди Хрватска

Дождот прво ја погодил Истра каде за само два часа биле забележани повеќе од 20.000 удари на громови.

Невремето продолжило и Горски Котор, а вечерта дождот почнал да врне и во централна Хрватска.

Засега во Македонија се уште нема најави за невреме.

Метеролозите најавија дека во следните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината.

Од четврток пак, се очекува повремено зголемување на облачноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.