Фетаи на прашање на новнарите дали таа продолжува да работи под овластувањата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Фетаи со одговор – апсолутно, таа се уште е главна обвинителка во СЈО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 август, 2019 10:06

Фетаи: Секој предмет на кој што го работев јас е чист

Фото/Текст извор: ©маагазин.мк

Вчера по завршувањето на рочиште за случајот „Титаник 3″ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Обвинителката Фатиме Фетеи за „ТВ21″ изјави дека секој предмет на кој што работела таа е чист.

Секој предмет на којшто работев јас е чист и во ниту еден момент не може да се смета дека е вмешан во нешто криминално или сомнително, така што за предмет за што јас се борев три и пол години или повеќе, не го давам и ќе се борам до крај, изјави Фетаи.

Случајот „Титаник 3″ е пред самиот финиш, а обвинети се Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал. Инаку обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски важат за нераздвоен тандем во СЈО, кои меѓусебно многу се поддржуваат.

Фетаи на прашање на новнарите дали таа продолжува да работи под овластувањата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Фетаи со одговор – апсолутно, таа се уште е главна обвинителка во СЈО.

Имено непосредно пред почетокот на рочиштето за предметот таа одговори на прашањето на новинарите, поврзано со случајот Рекет, но Фатиме одби да коментира било што околу актуелниот случај.

Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство кое е надлежно и не сакам да се мешам, обвинителите од СЈО продолжуваат со својата работа, истакна Фетаи.

-Еве денеска сме на судењето за „Титаник 3“, рече Фетаи.

За потсетување минатата недела по одлуката на шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева,да бидат претресени при влез и излез сите обвинители во СЈО, токму Фатиме Фетаи жестоко се спротистави. Таа истакна дека е обвинителка а не осомничена па да треба да биде претресувана при секој влез и излез во зградата на СЈО.

Според информациите, обвинителката Фетаи жестоко се спротивставила на одлуката на својата шефица за претрес при влез и излез од работното место, поради што плукнала во една од надзорните камери во СЈО.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести