Ценам дека ова окрупнување на опозициските партии во иднина ќе продолжи.

Објавил: Владо Марин | 17 октомври, 2020 16:59

ФРОДЕМ, десничарска проопозициска структура во Македонија се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Уште една десничарска проопозициска структура во Македонија се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е ФРОДЕМ.

Препознавајќи ги политиките на новото раководство, а потребите на новото време за обединување на опозицискиот фронт ФРОДЕМ одлучи во иднина да дејствува во рамките на структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Јас сум исклучително среќен што изминативе неколку недели можевме искрено, пријателски, братски да поразговараме за проблемите кои заеднички ги идентификувавме.

За истите тие проблеми се обидуваме да најдеме заеднички решенија бидејќи не треба да ги гледаме работите само од денеска за утре, туку да им приоѓаме стратешки, визионерски.

Ценам дека ова окрупнување на опозициските партии во иднина ќе продолжи, рече тој!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.