-На 07.10.2019 во 9.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека во август 2019 година тројца малолетници извршиле полови дејствија врз нејзиниот малолетен син.

Објавил: admin@magazin | 8 октомври, 2019 17:18

ХОРОР ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Тројца малолетници силувале дете во Скопје!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што информираше МВР, скопјанка пријавила дека во август годинава нејзиниот син бил силуван од група малолетници.

-На 07.10.2019 во 9.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека во август 2019 година тројца малолетници извршиле полови дејствија врз нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Минатата година за само два месеца имаше два случаи на силување пријавени во полиција

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против Џ.С. (39) од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување. Тој на 10 август во куќа во Струга извршил полови дејствија над 15-годишно дете.

Вториот случај беше пријавен во Куманово. Полицијата поднесе пријава против Р.Р.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. Грозоморниот чин се случил на 31. јули околу 11.35 часот во Куманово, во објектот на поранешен хотел „Кристал”. Жртвата имала 11 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести