Јужна Африка досега бележи најголем број случаи на континентот - повеќе од 18.000, додека 339 лица починале како резултат на КОВИД-19 од почетокот на епидемијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 мај, 2020 16:34

ЦРНА ПРОГНОЗА ЗА ЈУЖНА АФРИКА: До крајот на годината три милиони жители заболени од Ковид-19?

Фото/Текст извор: ©информер.рс

Во Јужна Африка, три милиони луѓе би можеле да бидат заразени со вирусот корона до крајот на годината, додека болеста би можела да убие и до 50.000 пациенти, со оглед дека зимата во јужната хемисфера може да доведе до зголемување на стапката на инфекција, предвидуваат научниците.

Јужна Африка досега бележи најголем број случаи на континентот – повеќе од 18.000, додека 339 лица починале како резултат на КОВИД-19 од почетокот на епидемијата.

Земјата во моментот влегува во шестата недела откако на сила стапија мерки за карантин за да се забави ширењето на вирусот.

Како и да е, научниците предвидуваат дека до ноември би можело да има помеѓу 35.000 и 50.000 смртни случаи во оваа земја како резултат на КОВИД-19.

Како и да е, научниците предвидуваат дека до ноември би можело да има помеѓу 35.000 и 50.000 смртни случаи во оваа земја како резултат на КОВИД-19.

Покрај тоа, експертите стравуваат дека фокусот на пандемијата на вирусот корона може да ја загрози борбата против други болести кои се присутни во оваа земја, како што се туберкулоза и ХИВ.

Истражувањата покажуваат дека карантинските мерки во Јужна Африка ја намалиле стапката на инфекција за 60 проценти и дека од почетокот на мај, кога се олесниле мерките, тој број се намалил на 30.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.