М.Р. (31) дека таа и нејзината мајка К.Р.(62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) при што и биле нанесени телесни повреди.

Објавил: Владо Марин | 27 мај, 2020 9:38

ЧУЛЕВ: Уапсен таткото на Моника Ристеска кој брутално ја претепа својата ќерка!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, објави на својот Фејсбук профил, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев!

Имено, Министерството за внатрешни работи во конкретниот случај постапуваше по пријава од страна на М.Р. (31) дека таа и нејзината мајка К.Р.(62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) при што и биле нанесени телесни повреди.

Како министер, но пред се како човек го осудувам секој вид на насилство, особено семејното насилство кое е насочено врз жените. Ги охрабрувам граѓаните да ја пријавуваат секоја форма на насилство, а Министерството за внатрешни работи ќе постапува професионално во насока на целосно расчистување на истото, вели министерот Наќе Чулев!

Активистката Моника Ристеска, минатата ноќ на социјалните мрежи објави вознемирувачки фотографии како е брутално претепана од нејзиниот татко Стојан Ристески.

-Пред два часа татко ми Стојан Ристески неписмен бездушник и хроничен алкохоличар на ул Антон Чехов 41б во геге, се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна.
Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата
, напиша таа на социјалните мрежи. 

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, минатата година беше осудена на една година затвор!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести