Рзрешувања во највисокиот суд во Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 10 јуни, 2019 10:44

Јово Вангеловски и уште двајца врховни судии ќе се разрешуваат ?!

Фото/Текст извор: ©сакадакажам.мк/магазин

Според порталот сакамдакажам.мк, Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски по повеќе од една година избегнување, на денешната седница на Судскиот совет ќе биде ставен на дневен ред за разрешување, д Се предлага негово и разрешување на уште двајца врховни судии, кои заедно надгласаа двајца колеги во кривичниот совет на Врховниот суд со што му го укинаа притворот на тогаш избеганиот Сеад Кочан.

Барањето не беше од Специјалното јавно обвинителство, чие што беше обвинението за „Труст“, туку од тогашниот државен Јавен обвинител Марко Зврлевски, кој поднесе такво барање преку обвинителот Ацо Колевски и се замеша во надлежностите и работата на СЈО.


Во биографијата на Вангеловски е наведено дека е роден на 1.2.1960 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 15.11.1982 година, а правосудниот испит го положил на 13.4.1983.

Од  1983 до 1986 година работел како стручен соработник во Окружниот стопански суд Скопје.  Од  1986 до 2008 година работи како адвокат во повеќе правни области, во почетокот на кариерата на стопанска и граѓанска материја, а во последните 10 години на кривични предмети.

На 20 мај 2008 година бил избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија, каде што работи во Одделот за граѓански дела. На 17 јули 2008 година бил избран за претседател на Врховниот суд на Република Македонија.


Вангеловски јавноста го слушна во бомбите како договара судски предмет со ексминистерот Миле Јанакиески, потоа во разговор на функционер од тогашната власт со соговорник каде изнесуваат компромитирачки моменти за него. Во посебен извештај го посочи и специјалната обвинителка Катица Јанева како судија, претседател на највисокиот суд, кој спроведува партиски влијанија и директиви, но до денеска, тој не си поднесе оставка.

Пред 13 месеци Судскиот совет отвори постапка за разрешувањето на Вангеловски и на двајцата негови колеги. Но, доскорешниот претседател на Советот Зоран Караџовски не презеде ништо во врска со отворената постапка за да дојде до гласање. Сега има нов претседател, врховниот судија Киро Здравев.

Постапката е тајна, и за утре предложена за разрешување е и неговата колешка, додека за третиот глас „за“, т.е. за третиот судија се водела издвоена постапка, од здравствени причини. Она што со сигурност го тврдат членови на Судскиот совет е дека интерната комисија предложила тројцата што гласале „за“ да бидат разрешени, а тие двајца врховни судии „против“, не. Што значи за ослободувањето од притвор на Сеад Кочан нема да одговара целата петорка од кривичниот совет на Врховниот суд.Иако одлуките на судиите ги штити Уставот и тие постапуваат по слободно судиско уверување,  извори од Советот велат дека одговорност поединечна во случајов има, бидејќи Општата седница на Врховниот суд не дала дозвола Државниот обвинител да се меша во предметите на СЈО и дека Вангеловски како претседател на тој кривичен совет и двајцата колеги, извршиле самоволен упад и го прекршиле законот.

Врховниот суд го спаси Кочан од притвор во мај 2017 година, откако Колевски поднесе Барање за заштита на законитоста (БЗЗ) со кое се замеша во работата на СЈО. На барање на СЈО, Основниот суд Скопје 1 и Апелациониот суд Скопје, иако сѐ уште на власт беа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, му одредија притвор на тогаш осомничениот во „Труст“ Сеат Кочан. Потоа, петчлениот Кривичен совет на Врховниот под раководство на Јово Вангеловски постапи и најде неправилности во одлуките на двата пониски суда, по што му ја укина мерката притвор.

Кочан по оваа одлука на Врховниот суд иницирана од Колевски, се врати од бегство.

Сеад Кочан избега во април 2017 година. Избега веднаш штом му беше одредена мерка притвор. Беше осомничен за добивање противзаконски тендер од 17 милиони евра од минатата власт, со лажна документација.

Во меѓувреме, на иницијатива на Вангеловски, Општата седница на Врховниот суд расправаше и на 27 април 2017 година, според Вангеловски, донела одлука тогашниот државен обвинител Марко Зврлевски да може да се меша во предметите на СЈО и да поднесува Барање за заштита на законитоста после секоја одлука на СЈО. Зврлевски поднесе предлог до Врховниот суд, а кривичниот совет под раководство на Вангеловски на 12 мај 2017 ги укина одлуките на Основниот суд Скопје 1 и на Апелациониот суд Скопје од март 2017, со кои му беше одредена мерка притвор. Кочан по одлуката на петчлениот кривичен совет на Врховниот суд уште истата вечер се врати во Македонија, преку граничниот премин Табановце.

Сега како основ за разрешување се смета тоа што Општата седница воопшто не дала зелено светло, немало мнозинство гласови.

Кога се врати Кочан од бегство, судовите повторно одлучуваа, ја прифатија понудената гаранција од 900 илјади евра и Кочан беше пуштен да се брани од слобода. Но не истите судии што првично му го одредија притворот. Тогашниот в.д. претседател Стојанче Рибарев, кој сега се врати назад како врховен судија, го смени распоредот и ги тргна членовите на кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, кој првично му ја одреди мерката притвор на Кочан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.