Но главниот град на метроплоата светот не можеше да го види во полн сјај, не работеа фонтаните кои последниве години станаа симбол на Скопје.

Објавил: Весна Петровска | 25 мај, 2019 18:34

Ќе плаќаме 200.000 евра! – Украден механизмот на фонтаните на плоштад?!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Скопје на 7.мај го привлече вниманието кај сите светски медиуми поради историската посета на папата Франциск.

Но главниот град на метроплоата светот не можеше да го види во полн сјај, не работеа фонтаните кои последниве години станаа симбол на Скопје.

Граѓаните мислеа дека по посетата на поглаварот на римокатоличката црква ќе бидат вклучени фонтаните, но се уште не проработеа, причината е сосема друга. 

Економски Лидер дознава од свои извори во Град Скопје на 5 дена пред посетата на Папата, организаторите сакале да ги вклучат фонтаните, но, на нивно изненадување кога отишле на лице место, вработените во Водовод констатирале дека поголем дел од пумпите, светилките и механизацијата под фонтаната на “Александар Велики” се украдени.

Така, како што дознава “Лидер” од извори во Ј.П. Водовод, кој во изминатите години без тендер ги одржуваа фонтаните, сега ќе се распишува тендер за одржување кој ќе има огромна вредност од околу 200.000 евра.

Но од градските власти  со поинаков одговор, причината за непуштањето на фонтаните било поради најавувањето на невреме од страна на метеролозите.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести