Негативен резултат од ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар се задолжителни за влез во Грција, без разлика дали посетителите се вакцинирани, дали прележале Ковид-19 или се невакцинирани.

За влез во Грција и натаму задолжителен негативен тест – ова се новите правила

Aктуелните правила за влез во Грција воведени пред еден месец, продолжени се за уште две седмици и негативен тест ПЦР или...

Рејхан Бајрами / 24 јануари, 2022 6:12

Воведувањето задолжителниот тест за влез во Грција, за сите, од грчката Влада го најавија кон средината на минатиот месец, како привремена и вонредна мерка за време на празниците, да се спречи ширењето на Омикрон, сојот кој сепак, веќе е доминантен во земјата.

До 24 јануари задолжителен негативен тест за влез во Грција

Одлуката за задолжителен негативен ПЦР или рапид тест за влез во Грција, и за вакцинираните и за невакцинираните и за оние...

Рејхан Бајрами / 9 јануари, 2022 11:52

Паралелно, претседателот на Федерацијата на вработени во државните болници побара да се променат упатствата на Националната организација за јавно здравје и задолжителниот карантин за заразените да се зголеми од пет на десет дена.

Околу 2.500 здравствени работници во Грција се во карантин поради ковид-19

Со сериозни проблеми и недостиг на персонал се соочуваат болниците во Грција, со оглед на тоа што околу 2.500 здравствени работници...

Мирко Бачиќ / 7 јануари, 2022 11:58

Тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

Од денеска задолжителен негативен тест за влез во Грција

Во шест часот утрово стапи во сила новата министерска одлука во Грција, според која, за влез во земјата задолжителен е негативен...

Перо Милчин / 19 декември, 2021 12:40

Од друга страна, потврдата за прележан ковид-19 ќе се издава само по направен ПЦР тест и не постои опцијата со позитивен рапид тест, а времетраењето се скратува од шест на три месеци.

Потврдата важи 30 дена по позитивниот резултат до 90 дена потоа.

Согласно министерската одлука со новите мерки, „остануваат во сила потврдите издадени од 13 јуни 2021 година до 31 октомври 2021 година, а потврдите по 1 ноември важат 90 дена.

Мерките, освен за Грците, важат и за туристите, нешто што во четвртокот го објасни и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на редовниот брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

– Промените се однесуваат на сите кои се наоѓаат на грчка територија и за двете мерки. Во однос на навршувањето седум месеци за сограѓаните кои се над 60 годишна возраст и немаат примено бустер доза, без разлика дали се грчки граѓани или граѓани на други земји кои во нашата земја се наоѓаат од други причини, важи токму истото, нема да ги имаат привилегиите на вакцинираните. Во однос на потврдата за прележан ковид-19, по 1 февруари, бидејќи им даваме еден неопходен временски период за да се прилагодат и да имаат можност да се вакцинираат, ќе важат токму истите правила и за Грците и за граѓаните на други земји, објасни Иконому.

Во последната министерската одлука со предусловите за патување во Грција објавена во петокот, како што веќе пренесе МИА, нема промени во однос на сертификатот за вакцинација за лицата над 60 години и задолжителната трета доза, односно конкретната мерка, барем засега, се однесува само на внатрешноста на Грција, а не и за влез во земјата.

Од денеска нови мерки во Грција, промени во сертификатите за вакцинација и прележан ковид-19

Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата...

Рејхан Бајрами / 13 декември, 2021 10:05

Од понеделник, лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата, според Иконому, „нема да ги имаат привилегиите што ги имаат вакцинираните” и за нив ќе важат „истите рестрикции како и за невакцинираните”.

Промените во Грција околу сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 се однесуваат и на туристите

Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата,...

Рејхан Бајрами / 10 декември, 2021 6:21

Ставот дека Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година по мигрантското прашање, го истакна и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на брифинг со новинарите.

Грција подигна ограда на границата со Турција: Не смее да се случи мигрантска криза како во 2015 година

Грција ја завршила изградбата на ограда долга 40 километри на границата со Турција и поставила нов систем за надгледување...

Владо Марин / 21 август, 2021 11:37

Во наредниот период следи потпишување на Договор за соработка помеѓу „Национални енергетски ресурси“ АД Скопје и Грчкиот национален оператор на гас ДЕСФА со којшто двете страни ќе гарантираат за изградбата на интерконекторот помеѓу двете држави.

Бектеши и Скрекас го потпишаа Договорот за изградба на интерконекторот за пренос на природен гас Грција-Македонија

Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Република Грција, Костас Скрекас,...

Владо Марин / 9 јули, 2021 21:03