На пример, една недела со 40 работни часа може да се направи за четири дена од 10 часа наместо за пет дена со осум часа работа.

Белгијците го воведоа затоа што им овозможува на работниците поголема флексибилност, слобода и баланс помеѓу деловниот и приватниот живот.

Според истражувањето, 71 отсто од Германците би сакале ваков модел и во Германија, на што се противат 22 отсто од испитаниците.

„Белгискиот модел“ има најголема поддршка, 81 отсто, кај возрасната група од 30 до 44 години, а кај високообразованите со 75 отсто.

Повеќето Германци се за четиридневна работна недела

Повеќето Германци би сакале четиридневна работна недела под услов бројот на работни часови да остане ист, според истражувањето...

Рејхан Бајрами / 21 февруари, 2022 6:56