„Имено, член 5 од одлуката на Советот од 29.12.2021 вели 'pостапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти времено се прекинуваат во крајбрежниот појас на Охридското Eзеро дефиниран со Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион со Акциски план (2020-2029) и во рамките на Студенчишко блато - согласно ГУП на Охрид, УЗ 17 УБ 17.1 (строго заштитена зона-Студенчишта)'. Тие велат дека во крајбрежниот појас од 50 метри, којшто е назначен во Планот за управување до донесувањето на Урбанистичкиот план за крајбрежје, секако не дозволува ниту изградба, најмалку легализација. Истиот појас е заштитен и со Закон за водите“. Како што велат од „Охрид СОС“ одлуката на Советот, доколку се земат само 50-те метри е бесмислена и не значи ништо за заштита на вредностите на регионот.

„Членовите на Советот мора да се запознаени со статусот на крајбрежјето, а тоа е дека за крајбрежјето во подготовка е Урбанистички план за крајбрежје со кој ќе се утврдат границите на крајбрежниот појас и согласно тоа, условите за планирање. Дотогаш, било какви постапки во насока на поголема урбанизација во најосетливите предели околу Езерото, може да се сметаат само за спротивни на Планот за управување.

Уште поважно, ваквата легализација е спротивна на препораките на УНЕСКО, при што за нелегалните градби треба да се изработи Оцена за влијанието врз животната средина и Оцена за влијанието врз културното наследство и согласно тоа, да се одлучува дали објектот може да се легализира или не. Сопирање на нелегалната градба е исто така една од препораките на УНЕСКО уште од 2017 година, но досега ни од тоа ништо не сме виделе.

Во Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион стои дека „при управувањето со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион ќе се применуваат најстрогите мерки и стандарди со цел за заштита на животната средина и заштита на природното и културното наследство. Досега гледаме дека советите на Општина Охрид, со ред, најдлабоко се поклонуваат само пред законот за легализација. Манипулациите со законите и Планот за управување, заобиколување на препораките на Центарот за светско наследство, глумење загриженост пред УНЕСКО, станаа наше срамно обележје.

Затоа, го повикуваме градоначалникот Пецаков, како и членовите на Советот, точките на дневен ред кои се однесуваат на легализација на бесправно изградени објекти, особено во близина на Езерото, во националниот парк и во сега неурбанизирани подрачја, да се симнат од дневен ред, а процесите да се водат во насока на заштита. Потсетуваме дека, согласно законот, Општина Охрид е одговорна за состојбата со светското наследство кое може да го користи САМО „на начин кој овозможува негово зачувување во изворна состојба, зачувување и обновување на постојната биолошка и пределска разновидност во состојба на природна рамнотежа и обезбедување на одржливо користење на природното наследство во интерес на сегашниот и идниот развој.

Легализација во непосредна близина на Охридското Езеро и во Националниот парк Галичица е постапување директно спротивно на начелата за заштита на Исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион чиј УНЕСКО статус виси токму како резултат на вакви практики“, стои во соопштението.

Советот на Oпштина Охрид ќе легализира дивоградби на штета на Охридското Eзеро и светското наследство

На седницата закажана за утре Советот на Општина Охрид треба да одлучува за легализација на дивоградби, од кои некои во непосредна...

Перо Милчин / 10 февруари, 2022 14:46

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките од реактивните мисии...

Владо Марин / 10 август, 2021 14:37

Претседателот на Владата, Заев, рече дека Владата на Република Македонија силно ја поздрави одлуката на Комитетот и останува цврсто посветена на зачувување на статусот светско наследство, за природното и културно наследство на Охридскиот регион.

Заев за сочуваниот статус на Охрид во УНЕСКО: Работевме и успеавме, одговорноста е на сите да продолжиме по овој пат

Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Парламентот повика на одговорно однесување од сите во државата...

Владо Марин / 30 јули, 2021 20:51

Прифаќам дека УНЕСКО неколку години нé предупредува, но после присуството на експертите од УНЕСКО во извештајниот период е направено многу.

Заев: Прифаќам дека УНЕСКО неколку години нé предупредува

„Извештајот на УНЕСКО го опфаќа извештајниот период до јануари 2020 година и Владата на Република Македонија останува цврсто...

Рејхан Бајрами / 1 јуни, 2021 7:48

Имено овој статус УНЕСКО го доделува на градови кои имаат богата филмска историја, препознатливи филмски фестивали, значајни филмски локации и продукциска инфраструктура и се посветени на развој и промовирање на филмското творештво.

УНЕСКО на Сараево му додели статус на филмски град

Вчера по повод Светскиот ден на градовите, кој се слави на 31 октомври во Париз, Сараево го доби статусот на филмски град од...

Катерина Крстиќ / 1 ноември, 2019 14:35

Како што дознава порталот Охрид 1, речиси сите угостители кои се сопственици на дивоградби или узурпирале државна земја, деновиве посетиле нотари и имаат подговтвени заверени изјави дека сами ќе си ги урнат објектите.

Крај на експлоатации на народна земја: Се руши хотел дивоградба во Охрид

Стартуваше  уривањето на хотелот дивоградба изграден на самиот брег на охридското езеро. Сопственикот на објектот крајно...

Весна Петровска / 1 октомври, 2019 18:30

Ова е веќе втора недела како тече акцијата за уривање, а некои од сопствениците на платформите крај брегот на Езерото и самите почнаа да ги одстрануваат терасите навлезени во водите.

Во Охрид се уриваат платформите на двата најпосетени локали „Момир“ и „Ликвид“

На големо се рушат дивоградбите во општина Охрид кој се бори за да не го загуби статусот на заштитено подрачје од  УНЕСКО. Охрид...

Катерина Крстиќ / 27 септември, 2019 11:30

При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Општина Охрид,опфатени во регистарот кој беше изготвен според препораките од состанокот на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. За поефикасна координација на акцијата денеска се одржа средба на Градоначалнкот Константин Георгиески со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот без ресор Едмонд Адеми и нивните соработници.

При крај се подготовките за уривање на дивоградбите на подрачјето на Општина Охрид

При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Општина Охрид,опфатени...

Катерина Крстиќ / 15 септември, 2019 15:15