Емилија Александрова е роднина на Мијалков и координатор на 6 пратеници. Нејзиниот услов е да нема пресуди за Мијалков и да продолжи партнерството со Вице!?

Објавил: Данаил Михајловски | 10 февруари, 2020 9:29

За законот за обвинителство Заев разговарал со Панчо Минов и Емилија Александрова

Фото/Текст извор: ©магазин

Според нашиот анонимен извор, посебен разговор Заев водел со пратеничката Емилија Александрова, чиј сопруг е братучед на Сашо Мијалков, а таа лично од Мијалков беше вработена во УБК. Како координатор на независната пратеничка група во Собранието, Александрова го известила Заев дека во групата не владее целосна кохезија и дека таа може да му гарантира 5 гласа за поддршка за законот, додека двајца пратеници не и се сигурни. Но за возврат за тие 5 гласа нејзините колеги имаат свои барања, а тоа се следниве: Крсто Муковски, тендери за фирмата на брат му; Љубен Арнаудов, да му се отфрлат кривичните пријави кои ги има добиено за злоупотреба на позицијата директор на болницата во Охрид; Сашо Василевски, уште две вработувања и поддршка за негов медицински ангажман во странство; Нола Исмајловска, градежна поддршка за изградба на стамбен објект; а самата Емилија Александрова нагласила дека очекува да нема осудителни пресуди за нејзиниот роднина Сашо Мијалков, како и дека тој е многу задоволен од соработката со Вице Заев во одредени стопански проекти. Заев ги превзел како своја обврска овие барања и рекол дека ќе вложи максимум за да возврати.

Во текот на викендов Заев лично разговарал и со пратениците Панчо Минов, Владанка Авировиќ и Зеќир Рамчиловиќ, а во врска со давањето на поддршка на владиниот Закон за обвинителство за кој лично е многу заинтересиран, дознаваме од извор во независната пратеничка група кој инсистира на анонимност. Разговорот со пратеникот од ГРОМ, Панчо Минов главно се однесувал на досегашните придобивки кои Заев му ги овозможил (вработувања на негови блиски, како и други лични бенефиции), но на инсистирање на пратеникот се отворила и темата за предметот за кој се суди претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Неофицијално, Панчо Минов побарал гаранции дека доколку гласа за законот за ЈО, тогаш Зоран Заев да му помогне на поранешниот градоначалник на Карпош во врска со судскиот предмет кој се води против него. Заев се согласил да го искористи своето влијание кај претседателот на кривичниот Суд, Иван Џолев.

Зеќир Рамчиловиќ, во Собранието беше избран од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но потоа гласаше за смена на Уставот, па сега е награден од СДСМ со избор за потпретседател на Собранието. Вложува напори да му помогне на осудениот Сеат Кочан.

Не помалку важни биле разговорите на Заев со пратениците Владанка Авировиќ и Зеќир Рамчиловиќ. Пратенекот Рамчиловиќ се заблагодарил за досегашните вработувања на поблиски луѓе од неговото семејство, особено што неговата сопруга Мерсида Рамчиловиќ лично Заев и средил да се вработи во МВР. Сепак, Рамчиловиќ замолил за возврат за гласањето за владиниот закон за јавното обвинителство Заев да најде начин како да му помогне на Сеат Кочан, кој отслужува казна затвор за случајот “Труст“, на што поранешниот премиер одговорил дека после изборот на нови судии во Врховниот суд се отвараат можности да му се помогне и на Сеад Кочан, но после одржувањето на изборите. За разговорот на Заев со Владанка Авировиќ нашиот извор немаше многу информации, освен тоа дека оваа пратеничка му е многу благодарна на Заев што нејзиниот син Василије Авировиќ не доби затворска казна, но исто така дека колегите пратеници од Социјалистичка партија, Љупчо Димовски и Стојан Миланов И препорачуваат да не превзема други обврски кон Заев, ниту кон Емилија Александрова.

Куриозитет добиен од нашиот извор е ставот на Фросина Ременски, пратеничка од редовите од СДСМ, која самата побарала средба со Заев, за да укаже дека таа е единствениот пратеник кој е на суд за Меѓународниот сојуз на Боки13 и дека поранешниот премиер не треба да ја пушти низ вода, доколку сака и таа без колебање да гласа за владиниот закон за Јавното обнинителство.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.