За потсетување вчера Врховниот суд ја објави пресудата за првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски и второобвинетата Катица Јанева, поранешна шефица на СЈО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јуни, 2020 11:28

Адвокатот Давидовиќ за „Рекет“: Вакви пресуди е жално што постојат!

Фото/Текст извор: ©слободна тв

Случајот „Рекет“ ќе служи и почнува да служи за добивање на политички поени во предизборието, истакна утринава адвокатот Звонко Давидовиќ за Утрински Брифинг на Слободна ТВ.

Врховниот суд ја објави пресудата за првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски и второобвинетата Катица Јанева, поранешна шефица на СЈО. Боки Јовановски рече дека пресудата не е праведна а парите од случајот да ги бараат кај Зоран и Вице Заеви…

„Вакви пресуди е жално што постојат. Ако немате милион и пол евра за кои ги обвинувате дека го рекетирале оштетениот и немате 50.000 евра за специјалниот јавен обвинител кој ги зел, многу тешко ќе докажете дека ова дело за кое се обвинети опстојува. Вие тврдите дека некој тргувал со своето влијание, другиот ја злоупотребил службената положба за да направи нешто и да олесни некому кој дал пари за да го купи тоа. Притоа го немате тој кој што ги дал парите и побарал таква услуга, ги немате парите, нешто што порано се викаше давање на мито, го немате ниту во постапка како обвинет, нешто што мора да го санкционирате и казните“, вели Давидовиќ.

Ако тврдиме дека Јанева со злоупотреба на својата службена положба дала предлози за укинување на притвор итн, како да забораваме дека сите тие нејзини барања резултирале со судска одлука, посочи тој додавајќи: Законот забранува пресудата да биде базирана само на еден сведок, исказ на заштитен сведок, врз основа на полиграф. Дури и врз основа на признание на обвинетитот. Мора да имате материјални докази тоа да го покрепите. Сведокот кој беше и обвинет во оваа постапка никогаш не се појави и не беше дозволено вкрстено да се испраша, вели за Утрински брифинг, адвокатот Звонко Давидовиќ за пресудата во случајот „Рекет“.

За потсетување вчера Врховниот суд ја објави пресудата за првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски и второобвинетата Катица Јанева, поранешна шефица на СЈО.

Боки 13 доби казна затвр од 9 години, а Јанева 7 години затворска казна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести