„Ако ме обесите и тоа го претставите како самоубиство или пак ме ако ме тепате, мачеле, со убаво ви кажувам за да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“, се заканил Бојан Јовановски алијас Боки 13, пишува медиумот.

Објавил: Весна Петровска | 14 октомври, 2019 14:59

АЛАРМАНТНО: Боки 13 итно пренесен во болница – животот на конец

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Нова драма во затворот Шутка, на првоосомничениот Бојан Јовановски повторно му се слоши, интервенираа повторно  лекарите од Брзата помош, пишува Алсат М.

Бојан итно е пренесен во Градската болница 8. септември откако му се слошило поради проблемот со желудникот.

Боки 13 вчера до судот поднел документацијата за влошена здравствена состојба. Документацијата ја доставил до судија на претходна постапка за укинување на притворот.

За време на претходната посета на судот му се слоши и тој беше изнесен да му биде укажана лекарска помош.

Првоосомничениот Бојан Јовановски познат како Боки 13 денеска со лисици на рацете и со полициска придружба беше пренесен на скопските клиники откако се пожалил на болки во стомакот и во градите

За потсетување, Бојан пред една недела во судот му се слуши пред да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска исто со Брза помош беше пренесен во болница.

Некои медуми пишуваа дека Бојан 13 в затворот бил труен бидејќи премногу знае.

Како што објави Инфомакс, оттука се отвара и прашањето, дали Бојан Јовановски е под вистинска закана за неговиот живот во притворот и дали некој можеби го труе, имајќи ги во предвид симптомите на кои постојано се жали и во притворот – за кои информира и неговиот адвокат – но и симптомите кој денес целата јавност ги посведочи за време на исказите во обвинителството.

Исто така по апсењето на Боки 13, како што пишуваше српскиот Курир наводно дека Бојан изјавил доколку некој се обиде да му наштети сите докази се на сигурно место. 

„Ако ме обесите и тоа го претставите како самоубиство или пак ме ако ме тепате, мачеле, со убаво ви кажувам за да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“, се заканил Бојан Јовановски алијас Боки 13, пишува медиумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести