Сообраќајот во земјава се одвива по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.На Регионалниот пат Р1107, Транзитен дел низ Кавадарци (Западен Булевар), и денеска ќе се изведуваат градежни активности од 8:00 до 17:00 часот.
АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај и оти на овој автопат се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.