Ана Камчева треба да каже као паднала во замка, и од неа биле извлечени половина милион евра. Камчева пред судот треба да каже како Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец успеале да земат  половина милион евра од неа како гаранција дека нејзиниот сопруг, осомничен во случајот „Империја“, ќе му биде определена поблага мерка, домашен притвор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 декември, 2019 10:29

Ана Камчева денес ќе сведочи за „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во во Кривичниот суд како сведок за случајот „Рекет“ ќе сведочи сопругата на бизнисменот Орце Камчев.

Ана Камчева треба да каже као паднала во замка, и од неа биле извлечени половина милион евра. Камчева пред судот треба да каже како Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец успеале да земат  половина милион евра од неа како гаранција дека нејзиниот сопруг, осомничен во случајот „Империја“, ќе му биде определена поблага мерка, домашен притвор.

Орце на сведочењето ги пофали Заев и Шекеринска, со што јасно кажа од кого се уште се плаши, и кој е центарот на кримогената моќ. Заев во април знаел дека Катица рекетирала, ама и во јуни барал таа да остане на чело на СЈО, за што имал силни причини. Ако Орце го снимал Боки никој, па ни Заев и Фамилијата, не можат да бидат сигурни дека не ги снимал и нив.

Ана Камчева заедно со својот сопруг требаше да се појави како сведок во петокот, но поради здравствени причини, нејзиното сведочење беше одложено.

Во петокот неколку часа пред судот сведочеше Орце Камчев, кој отри нови детали за случајот кој полека почна да се расплеткува.

Камчев кажа дека на обвинителната клупа треба да има повеќе луѓе а не само Боки, Катица и Зоран Милевски- Кичеец кој веќе доби казна затвор од три години.

Камчев кој рече дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство, кој имал цел на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари. Боки преку разни проекти се обидувал да изнуди пари, но на тоа Камчев реагирал со тоа што го известил премиерот Зоран Заев кој му посочил дека треба да го пријави случајот во Обвинителството кај Вилма Русковска. Камчев во консултација со пријатели од Бугарија го навел Боки 13 во домот на сведокот да му даде еден милион евра спакувани во чанта Луј Витон и сето тоа да го сними на камери. Тоа го сторил и ги предал снимките во обвинителството.

Сведокот рече дека и обвинителката Лиле Стефанова преку нејзиниот пријател Ванчо Чифлиганец барал средства за ќерката на Лиле за ординација во зградата на „Адора“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести