Во пријавата за Пановска била наведено дека таа унапредува свои блиски луѓе на раководни позиции и дека ја имала поддршката од министерот Венко Филипче и од министерката Радмила Шеќеринска.

Објавил: admin@magazin | 9 мај, 2019 12:39

Антикорупциска со нови предмети: НА МЕТА се Рамиз Мерко, директорката на Хематологија и Јово Вангеловски !

Фото/Текст извор: ©фокус

Државната комисија за спречување на корупција отвори постапки за злоупотреба на службената положба кај в.д. директорката на Хематологија, Ирена Пановска, за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, пишува Фокус.

Антикорупциска го отвора предметот по допрен глас, информации кои беа објавени во медиумите, но и по пријава поднесена од група доктори. Според антикорупционерите, во пријавата има многу наводи за нерегуларности кои допрва треба да се испитуваат.

Во случајот кај директорката на Ирена Пановска ќе се истражува дали се прекршени законите при тендерската постапка за набавка на лекови, тендер кој го добива фирмата Др. Пановски, во сопственост на нејзиниот татко Златко Пановски.

Во пријавата за Пановска била наведено дека таа унапредува свои блиски луѓе на раководни позиции и дека ја имала поддршката од министерот Венко Филипче и од министерката Радмила Шеќеринска.

Дополнително ќе се утврдува дали Пановска доставила анкетен лист при второто нејзино назначување за в.д. директор.
Против Рамиз Мерко е отворена постапка за набавката на четири возила во вкупна вредност од 114.000 евра.

Ќе се истражува дали Мерко ја злоупотребил својата положба при набавката и потребата од набавка на „ауди А6“ во вредност од 67.000 евра во ситуација кога Општината е задолжена и добива средства од Владата за да ги исплати своите долгови.

Антикорупционерите цитираа написи во медиумите каде Мерко дава изјава и вели дека го купил аудито затоа што под чест му е да се вози во „шкода“.
За набавка на возило е отворена и постапката против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Антикорупционерите ќе истражуваат дали Вангеловски ја злоупотребил својата положба за лична корист кога набавил „БМВ“ од 40.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести