Три ипол години потоа, ставам црта на моето добердојде и очекувањата од Апасиев. По три ипол години стрпливо посматрање, квалификувано може да се констатира: Апасиев и Левица никогаш ниту сакале да бидат, ниту биле опозиција против Заев и СДСМ.

Објавил: Владо Марин | 23 август, 2021 19:16

Апасиев е талибан кој е избран да глуми опозиција за потреби на власта

Фото/Текст извор: ©вечер

Падна Авганистан, за девет дена. Нашата Крушевска република издржа подолго. Зошто? Во политиката ништо не е случајно. Па и кога е, тоа се случува со некој план.

Ние имаме свои талибани. Земаа власт без победа на избори. Прво што направија, и нашите талибани, уриваа споменици, апсеа политичари и новинари, преземаа медиуми со смена на уредници и воведоа шеријатски, партиски суд и нивното партиско СЈО.
Дури и Бранко Црвенковски се откажа од таквата власт, од СДСМ.

По нивната шарена Куртон револуција со полнење презервативи со боја и уништување државен имот власта им се оддолжи со десетина милиони евра од државни фондови, плус милион евра годишно за вазелин. Да им клизи односот помеѓу власта и невладините владини активисти. Некои од нашиве талибани се “со продолжено опозиционо дејствие“!

Талибанот Апасиев е избраниот да глуми опозиција за потреби на власта. Производ на Куртон револуцијата, има задача да го буши бродот на опозицијата додека Заев му чува чамец за спасување. Како што Милошевиќ си го имаше Шешељ, Заев си го има Апасиев.

Отпрвин и јас очекував нешто од него. Веројатно во оние матни времиња по талибанското преземање на власта секој што најавуваше опозициони намери беше добердојден. Па така и Апасиев, со Левица. Многумина, уште на почетокот, попаметни од мене одбиваа и помисла Апасаиев да биде препознаен како опозиција. Но, јас мислев дека треба во опозицијата да биде примен со добердојде, што го напишав уште во март 2018-та.

Три ипол години потоа, ставам црта на моето добердојде и очекувањата од Апасиев. По три ипол години стрпливо посматрање, квалификувано може да се констатира: Апасиев и Левица никогаш ниту сакале да бидат, ниту биле опозиција против Заев и СДСМ.

Кога и да затребало “проектот Левица“ бил помогнат од СДСМ. Било Димитар Апасиев, божемен опозиционер, да биде ставен за платен советник во СЈО и директно да помага апсење опозиција, монтирање предмети, гонење новинари и медиуми, корупција во СЈО од врвот надоле… СДСМ бил тука, да го одржи на површина. И да го награди со кеш.

А кеш е магичниот збор на кој паѓа Апасиев. Каде има пари без работа, Апасиев е таму. Донации од Куртон револуцијата, СЈО, Еуроистандард банка, од фоднови за култура…

Како што СДСМ му спакува судска пресуда и Димитар Апасиев по судски пат бидна претседател на Левица. Заев и СДСМ со помош на судот го одржаа на власт во партијата, и пак го задолжија. Тој е лидер на Левица по одлука на Суд, и на СДСМ.

Нивната шарена револуција имаше тројца фронтмени: Павле Богоевски, Димитар Апасиев и Здравко Савевски. Здравко Савевски по судски пат бараше тргање на Апасиев од лидерската позиција на Левица, но СДСМ пресече и го даруваше Апасиев со лидерство.

Павле Богоевски јавно побара Апаисиев да одговори од каде му се повеќе од 30.000 евра на сметката на Левица во пропаднатата Еуростандард банка. Колку повеќе, не е познато,
Апасиев не даде одговор. СДСМ улета и во оваа криза на Левица, и го замолче својот екс пратеник Павле Богеовски. Трифун Костовски изјави дека СДСМ им наметнувале исплати.

Дали таквата клонирана опозиција, Левица, ќе земе и гласови од симпатизери на СДСМ? Да, секако, и тоа во голем број но, ќе ги задржи да не гласаат за ВМРО ДПМНЕ, а потоа советници од Левица ќе соработуваат со СДСМ по општините, што е и основна задача на “проектот Левица“. И задача за Димитар Апасиев.

А што да кажам, по три ипол години стрпливо чекање и следење, за Димитар Апасиев?

Ликот е комлексаш, ситен преварант и муватор, што би рекле скопјани на кои тој им се упикува глумејќи скопски сленг. Мал Фрче.

Не е способен просто проширена реченица да состави ако не цитира некого, или ако не исфрли навреда или плуканица. Баш таков, мала згужвана копија на Фрчковски. Еднаш ќе се повикува на слободарската Француска револуција од 1789-та. После ќе се идентификува со Мао Цедунг, Кастро и Че Гевара… Ликови кои задушиле се што е граѓанско, слободно и кратаивно за да обезбедат тотална власт за себе. Сам по себе тој не значи ништо, затоа мора да се лепи на други ликови, па макар и тоталитаристи.

Па, Мало Фрче, кој сакаш да бидеш? Робеспјер и Дантон, или Мао Цедунг и Кастро? Двете страни не одат заедно. Сакаш да лапаш шарени пари од американски фондови, ама и од руски стипендии. Или, не е ни важно. Важно да се лупета, па некој ќе се налепи на тоа. Ако паднеш во криза, пак се тука Заев и СДСМ да те вадат.

Апасиев се надева на гласови од луѓе без политичко знаење и искуство. Разочарани а неинформирани. Да ги фати на чалам, на скопски сленг и мангуплак. Но, тоа е мала, скромна понуда. Наивни, глупи и неинформирани нема баш многу во Македонија. Левица не е ни партија. Проект на СДСМ, тие се обична Фејсбук фан страна плус ботови. Неможат да соберат ни 50-60 луѓе за да кандидираат градоначалници на локалниве избори.

Патем, такво лигавење со скопкси сленг е со бљак ефект. Во Скопје таквите ги викаат – смрдле. Од таков лидер не бива. Проба оригиналниот Фрче, и заврши на ѓубриште. Друже, прочитан си. За промена, можеш да почнеш барем редовно да се бањаш.

Никој од вас, никогаш, не слушнал од Апасиев и Левица анализа и политичка понуда рационално поставена и претставена во бројки, со датуми, поткрепена со факти. Не, тоа е за нив виша математика. Плукај, навредувај, лупетај, блефирај… тоа е тоа. Мало Фрче.

Тоа се тие шкартови, нус производи на СДСМ. Големо Фрче, Мало Фрче… Од нив никогаш не бидна политичар, само малограѓански партиски комплексаши на СДСМ. Не се ни шармери и мангупи како Црвенковски, ни Мачо како Бузле, ни стручни и аналитични како Мицкоски или политички писмени и одговорни како Александар Николоски, ни шефови како Сашо Мијалков, ни мудри како Хари Костов… а сакаат да ги гледаме како нив.

Јок. Апасиев, лупетало, нарцисоиден потрчко на Заев, со кондури број 39 не е момак од асфалтот. Обожавател на Мао Цедунг и Фидел Кастро не е интелкектуалец, ни демократ.

Може ли да му се верува? Не гледам ни како ни зошто. Тој не е еден од нас, од опозицијата, и не сакам да бидам излажаниот како од народната мудрост:
“Секој ден шумата била се помала. Но, дрвјата повторно гласале за секирата!
Заради дрвената дршка мислеле дека е една од нив!“

Дали во ВМРО ДПМНЕ треба да бидат загрижени поради Апасиев и Левица. Не би рекол.
Симптаизер, или потенцијален гласач на ВМРО ДПМНЕ, нема баш ништо заедничко со Левица и Димитар Апасиев. Со Мао Цедунг или Фидел Кастро. Ништо. Кој мисли поинаку да го потсетам на изјавата на Апасиев дадена јавно, на ТВ Нова:

“Во програмата на Левица стои дека заложба ни е забрана на употреба на името ВМРО и ставање во опозиција на ВМРО ДПМНЕ најмалку 15 години!“ Кажа Димитар Апасиев.

И сега, ти си на пример нешто незадоволен од ВМРО ДПМНЕ, си гласал за нив, и не сакаш да гласаш за СДСМ но, еве би гласал за Левица. Па, ако Левица победи, ако стане власт, ВМРО ДПМНЕ ќе биде укината и Апасиев, со партиска одлука, ќе го држи ВМРО ДПМНЕ 15 години во опозиција. Ќе го забрани, и уништи. Како Мао Цедунг, или Фидел Кастро.

И после, за кого ќе гласаш? А гласајќи за Левица си гласал за укинување на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ треба да продолжи со враќање на своето фабричко подесување. Партија на сите кои се за стабилна, организирана и суверена држава, македонска држава, и партија на добри економски проекти во што се метар над сите, особено над СДСМ.

Да не наседнуваат на лажни фејсбук профили од СДСМ кои се претставуваат како “изневерени и загрижени вмровци“. Да имаат свој став. ВМРО ДПМНЕ и нивните симпатизери, да ги сменат иконите и повторно да ги запалат свеќите. За арно, за убаво,

Да бидеме реални, ВМРО ДПМНЕ не е тука Македонија да ја однесе во рајот, туку да ја спаси од пеколот. После е полесно. Батали лажни исцелители, шарлатани и левичарски партиски бајачи. Доволно пропативме и пораснавме за да знаеме што понатаму.

Д.П. Латас (23.08.2021)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести