. Наскоро продолжуваме во Аердором, Карпош, Прилеп, Куманово... До избори - низ цела Македонија, а по избори - у парламент, пишува Апасиев.

Објавил: Перо Милчин | 26 октомври, 2019 15:38

АПАСИЕВ: Левица станува најбрзорастечката партија во Македонија, народот одбира трета опција!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Левица станува најбрзорастечката партија во Република Македонија, пишува професорот Димитар Апасиев.

Само минатата недела се пополнети околу стотина нови пристапници! Народот природно си ја одбира својата „трета опција“ 🙂 После Кочани и Крива Паланка, денес сме во мојот роден Велес. Приквечер, во пет, ја отвораме новата канцеларија во центарот на градот (на улицата од Јаворот накај Дворови). Кој сака – бујрум.

p.s. Наскоро продолжуваме во Аеродром, Карпош, Прилеп, Куманово… До избори – низ цела Македонија, а по избори – у парламент, пишува Апасиев.

Неодамна Апасиев напиша дека Левица за прв пат ќе стане парламентарна партија, која ќе ги помати елитистички сметки во земјава.

-По Устав, после распуштање на Собранието, има рок од два месеца да се одржат предвремени парламентарни ИЗБОРИ. Да беа паметни вмровците, немаше да прифатат вакво насамарување – да има „брзи избори“ дури за шест месеци од сега!?
Дотогаш, баграва ќе влезе у НАТО и ќе следи уште еден еуфоричен НАТОФЕСТ.
ЕУ ќе се осеќа должна кон Заевистите и пак ќе гледаме срцепарателни ТВ пораки за тоа како сме #НаПравПат. Се’ ќе биде подзаборавено, а поразот на СДС на „Нашата Земја“ нема да биде толку драматичен, како ако имаше избори пред Нова Година

Димитар Апасиев е доктор на правни науки.

Тој е долгогодишен политички активист на ДСП „Ленка“. Работи како доцент на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Катедра за граѓанско право. Предава Римско право, Судскa реторика и Филозофија на правото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика