Спасувачките тимови со сите сили трагаат по луѓето кои се затрупани во рушевините.

Објавил: Весна Петровска | 28 ноември, 2019 17:40

АПОКАЛИПТИЧНИ СНИМКИ ОД ДРАЧ: Исто како да имало војна, еве што остана од градот

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Драч е најтешко погодениот албански град од разорниот земјотрес од 6,4 степени, а снимките направени со дрон покажуваат колкава е штетата.

Бројот на жртвите порасна на 32, но не се знае точниот број ан исчезнати.

Спасувачките тимови со сите сили трагаат по луѓето кои се затрупани во рушевините.

 

Сите станбени блокови, дури и оние највисоките изградени по 90-тите, во голем дел немаат потпорни ѕидови, се одружуваат со структура на столбови, изјави премиерот Еди Рама.

 

Додаде дека куќите генерално се дизајнирани и изградени така што можат да издржат силен земјотрес, со јачина од шест или седум степени по Рихтерова скала.

И покрај тресењето и страшното чувство од земјотресот, вистинската опасност е далеку, истакна Рама.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.