Зошто најпрвин поднесе оставка Катица Јанева, за потоа после 2 дена да отвори боледување?

Објавил: Перо Милчин | 20 јули, 2019 14:54

АРСОВСКИ: Зошто Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев се уште не се повикани на распит во ЈО?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Сомнежите кажуваат дека токму синот на Катица Јанева, Лазар Јанев одел со Боки 13 на состаноци со рекетираните бизнисмени и заедно со него уценувал, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и СДСМ да одговорат на следните прашања кои или ги избегнуваат или се обидуваат да ги замолчат новинарите на прес конференциите на Заев да не ги постават.

Медиумите веќе пишуваат, а СДСМ уште веднаш да одговори – Како можно луксузни автомобили да завршиле во семејството кај Зоран Заев, односно кај неговиот братучед Трајче Заев? Потенцирам луксузни автомобили кои што биле во сопственост на рекетираните бизнисмени. Истите коли може да се видат како ги возат роднини на Зоран Заев низ Скопје или низ Струмица.

Зошто најпрвин поднесе оставка Катица Јанева, за потоа после 2 дена да отвори боледување?
Кој е доктор и зошто и отворил боледување на Катица Јанева, која како што знаеме два дена претходно поднесе оставка? Доколку е фиктивно и во насока да ја заштити Катица Јанева, докторот кој го отворил боледувањето треба да е свесен дека ќе одговара за таа постапка.
Зошто не се расчистат сомнежите каде се крие Катица Јанева и дали е во или надвор од Република Македонија?

Зошто Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев се уште не се повикани на распит во ЈО? Сомнежите кажуваат дека токму синот на Катица Јанева, Лазар Јанев одел со Боки 13 на состаноци со рекетираните бизнисмени и заедно со него уценувал.

Молкот на овие прашања потврдува дека СДСМ и раководството на СДСМ стои директно позади целиот овој криминал и ја штити Катица Јанева од целиот криминал.
Залудни им се сите потпишани и изгласани декларации за гонење на криминал и корупција каде што луѓето кои се вклучени во РЕКЕТОТ ги гласаат истите декларации. Тоа само покажува колку лудилото во СДСМ ја достигнало бесконечноста.
Ова е октопод на кој треба да му се скине главата, а не пипците за потоа пак да му пораснат и повторно да гледаме по улиците како се рекетираат луѓе бизнисмени, политичари како се уценуваат.
Што побрзо се скине главата на октоподот, односно Заев падне од власт, толку побрзо државата ќе тргне напред, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.