Претседателот на државата Стево Пендраовски веќе најави дека наскоро ќе бидат пополнети повеќето од 27-те испразнети амбасадорски места. Според информациите на Плусинфо се очекува нов дипломатски кадар да седне во 20 или 21 амбасада.

Објавил: Весна Петровска | 27 септември, 2019 14:47

АХМЕТИ ДЕЛИ АМБАСАДОРСКИ МЕСТА: Лидерот на ДУИ ги стокми новите амабасадори!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Лидерот н ДУИ, Али Ахмети ги стокми новите Амбасадори каде што недостасуваа дипломати, пишува Плсуинфо.

Претседателот на државата Стево Пендраовски веќе најави дека наскоро ќе бидат пополнети повеќето од 27-те испразнети амбасадорски места. Според информациите на Плусинфо се очекува нов дипломатски кадар да седне во 20 или 21 амбасада.

Овој период имало интензивни разговори помеѓу шефот на дипломатијата Никола Димитров и владините партнери СДСМ и ДУИ за пополнување на испразнетите амбасади. Неофицијално, ова прашање е затворено со ДУИ, односно дека веќе е договорено во кои и колку амбасади ќе седнат дипломати предложени од партијата на Ахмети.

Нема потврда дали предлозите на Ахмети добиле пас и од Пендаровски. Според информациите, се очекува интегративците листата со новите амбасадорски имиња деновиве да му ја достават и на претседателот Пендаровски. Наскоро се очекува да се докомплетира списокот со новите амбасадори предложени од СДСМ, а на амбасадорска фотелја се надеваат и некои од помалите владини партнери.

Од Кабинетот на Пендаровски велат дека се во тек консултациите за листата за идни амбасадори.

Шефот на државата во интервју за Сител рече дека во завршна фаза се разговорите со релевантите министри и со Владата, и во наредните недели ќе го заокружат списокот, и ќе се обидат да затворат најголем дел од 27-те испразнети амбасадорски места.

Од друга страна се отвора дилемата дали има ли разидување меѓу шефот на македонската дипломатија Димитров и шефот на државата Пендаровски за евентуално затворање на македонски амбасади во странство? Додека претседателот веќе најави дека клуч ќе се стави на најмалку четири амбасади од Министерството за надворешни работи се воздржани за потребата од евентуално затворање или отворање на ДКП-а.

 

Анализата која ѝ ја порачал Пендаровски на МНР покажала дека четири амбасади треба да се затворат, а шефот на државата во интервју за Сител рече дека можно е да бидат затворени пет амбасади.

Државава во моментов има 57 дипломатско-конзуларни претставништва, од кои 27 се празни.

Од МНР за Плусинфо велат дека во континуитет се прават анализи за потребата од евентуално затворање или отворање на ДКП-а согласно надворешно-политичките приоритети и дипломатските капацитети.

– Се работи за долг и сложен процес во кој се вклучени Министерството за надворешни работи, Претседателот на државата и Владата. Особено е комплексно прашањето на затворање амбасади, бидејќи во услови на намалување на буџетот изминатите години сме отворале амбасади, што влијае на функционалноста. Од друга страна, прашањето е многу важно и деликатно и одлука може да се донесе само по целосна анализа што ќе ги земе предвид политичкиот, дипломатскиот, економскиот, конзуларниот, културниот, финансискиот и други аспекти – велат од МНР.

Пендаровски пак веќе најави дека ќе има затворање на амбасади и дека во наредните недели ќе се дефинира списокот кои амбасади на земјава во странство ќе бидат затворени.

– Постои една анализа што ја нарачав од МНР веднаш штом дојдов за претседател, да ми дадат функционална анализа како работи нашата дипломатско-конзуларна мрежа. Таму има предлог за затворање на четири, петтата е под знак прашање, четири амбасади минимум, каде што ние немаме голем резон да останеме со дипломатско присуство – рече Пендаровски во интервјуто за Сител.

Според него, тоа се држави во кои нема реципроцитет од кај нас се покриваат од друга држава, нема резидентен амбасадор во Скопје, а нема ниту значајна трговска или економска соработка со тие држави.

Шефот на државата пред речиси еден месец на состанокот на Амбасадорскиот совет првпат најави дека ќе се рационализираат капацитетите на ДКП-та односно некои ќе се затворат, а некои ќе бидат редуцирани, затоа што, како што рече, не го оправдале нивното постоење ниту од аспект на продукција, ниту од аспект на нашиот геостратешки интерес, дијаспора, трговски и економски релации.

Повеќе прочитајте ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.