Според белградски „Курир“, тој моментално се наоѓа на Инститиутот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица каде е хоспитализиран и вградени му се стентови.

Објавил: Весна Петровска | 15 ноември, 2019 15:05

Балашевиќ доживеа инфаркт

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Славниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ преживеа инфаркт, пренесуваат српските медиуми. Тоа било причината за откажувањето на неколку негови концерти.

Според белградски „Курир“, тој моментално се наоѓа на Инститиутот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица каде е хоспитализиран и вградени му се стентови.

Легендарниот пејач и музичар се чувствува добро и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување, смируваат неговите најблиски.

За потсетување, Ѓорѓе Балашевиќ е познат по тоа што има многу песни посветено на својата сопруга Оливера и на нивните деца, а оваа емотивната песна „Мати”, ја посвети на својата мајка.

Во 1998 година, Балашевиќ имаше тежок период кога ќерка му Јелена доживеа ужасна несреќа. Таа едвај преживеа, а лекарите беа убедени дека ќе биде постојано неподвижна. Балашевиќ неколку пати зборуваше за овој настан, а за своите емоции проговори и во песната „Наопачка бајка”.

Сепак, има еден член на семејството Балашевиќ, за кој познатиот пејач никогаш не зборува јавно. Тоа е неговата пет години постара сестра Јасна, за која беше исклучително приврзан. Јасна Балашевиќ почина пред неколку години, а пејачот тешко ја преболува.

За Јасна Балашевиќ малку се знае, бидејќи Ѓоле никогаш не бил подготвен да зборува за својата сестра. Од текстовите од почетокот на неговата кариера може да се заклучи дека била мажена и дека родила ќерка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.