Асим Муса беше фатен од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, додека шоуто ќе се емитува вечерва во 20:10 часот на Top Channel.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 октомври, 2019 20:28

БАРАЛ МИТО ОД 1000 ЕВРА- Заменик министерот за здравство фатен на дело

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Асим Муса заменик-министерот за здравство бил вмешан во корупциски скандал при што и е фатен на дело. Имено денеска во јавноста одекна веста дека од владата на премиерот Заев, еден од заменик министрите побарал поткуп односно прима пари за да изврши одредена услуга.

Актуелниот состав на Владата беше одбран на 31 мај, 2017 година, после парламентарните избори од декември, 2016 година. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби мандат за состав на Владата од претседателот Ѓорге Иванов. Собранието со 62 гласа „за“, 44 „против“ и 5 „воздржани“ ја изгласа Владата на премиерот Зоран Заев.

Асим Муса беше фатен од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, додека шоуто ќе се емитува вечерва во 20:10 часот на Top Channel.

Како што дознава in7, заменик министерот Муса се пазарел со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во Струга.

За оваа работа, Муса побарал 1000 евра, додека однапред земал 50 евра. Во најавата на емисијата се вели дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.

Инаку Владата на Република Северна Македонија е носител на извршната власт во Република Северна Македонија и е составена од Претседател на Владата во случајот премиерот Зоран Заев, и негови заменици и министри.

Владата се избира од Собранието на Република Северна Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, најчесто по парламентарни избори. 

Актуелниот состав на Владата беше одбран на 31 мај, 2017 година, после парламентарните избори од декември, 2016 година. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби мандат за состав на Владата од претседателот Ѓорге Иванов. Собранието со 62 гласа „за“, 44 „против“ и 5 „воздржани“ ја изгласа Владата на премиерот Зоран Заев. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.