Според Си-Ен-Ен, Бајден изјавил дека ќе биде подготвен да стори „се што е потребно за да спаси животи, затоа што како што изјавил не може да функционира земјата нормално сè додека не го доведеме вирусот под контрола“. Тој додаде дека начинот на кој сегашниот претседател на САД, републиканецот Доналд Трамп, ја управуваше државата во време на пандемијата е фундаментално погрешно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 август, 2020 14:47

БАЈДЕН ЗА БОРБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ: Ќе ги затворам САД доколку научниците го препорачаат тоа

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Џо Бајден, кандидатот на Американската демократска партија на претседателските избори што треба да се одржат во САД во ноември, изјави дека доколку победи на изборите, тој би бил подготвен повторно да ја „затвори“ земјата ако научниците тоа го препорачаат за да се спречи вирусот корона за време на можниот втор бран. 

„Би ги послушал научниците“, рече Бајден во интервју за американската куќа за медиуми „АБЦ њуз“, кое го даде заедно со сенаторот Камал Харис, демократски кандидат за позицијата потпретседател на САД.

Според Си-Ен-Ен, Бајден изјавил дека ќе биде подготвен да стори „се што е потребно за да спаси животи, затоа што како што изјавил не може да функционира земјата нормално сè додека не го доведеме вирусот под контрола“. Тој додаде дека начинот на кој сегашниот претседател на САД, републиканецот Доналд Трамп, ја управуваше државата во време на пандемијата е фундаментално погрешно.

„За да може животот во земјата да тече, економијата да расте, а луѓето да можат да се вратат на работните места, треба да го решите проблемот со вирусот“, подвлече Бајден.

Пандемијата COVID-19 однесе повеќе од 175.000 животи во Соединетите држави.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.