Горд сум што го претставувам првиот тим на високи службеници за комуникации во Белата куќа чии членови се сите жени.

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2020 21:45

Белета куќа ја чекаат нови промени: Бајден го претстави тимот за комуникации- за прв пат во историјата, сите членови се жени

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Избраниот претседател на Соединетите држави, Џо Бајден, ги претстави кадровските решенија за членовите и советниците кои ќе бидат номинирани во тимот за комуникации во Белата куќа, а сите членови на тимот се жени.

“Горд сум што го претставувам првиот тим на високи службеници за комуникации во Белата куќа чии членови се сите жени.

Квалификувани и искусни комуникатори ќе придонесат за изградбата на оваа земја преку различни пристапи и споделени одговорности”, рече Бајден, истакнувајќи дека ова е првиот тим од ваков вид женски членови.

Бајден го номинираше Псаки, поранешен портпарол на Стејт департментот за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, за секретар за медиуми во Белата куќа, пренесува Гласот на Америка.

Псаки на социјалната мрежа Твитер напиша дека ова е најразновидниот тим на Белата куќа во историјата, кој, како што истакна, го сочинуваат шест мајки.

Кејт Бедингфилд, беше номинирана од Бајден за директор за комуникации во Белата куќа. Имон Сандерс, висок советник во кампањата Бајден-Харис, е номинирана за позицијата портпарол на новоизбраната претседателка Камала Харис, додека Елизабет Александар, поранешен портпарол и прес-секретар на Бајден во времето кога тој беше потпретседател на САД, треба да служи како директор за комуникации на првата дама.

Карин Пјер, постар советник во кампањата Бајден-Харис, ќе ја извршува функцијата заменик-секретар на медиумите во Белата куќа, додека Ешли Етјен е поранешен висок советник на спикерот на Претставничкиот дом, а Ненси Пелоси, е предложена за нејзин заменик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.