Но и по дванаесет години болката кај неговите пријатели, најблиските и неговите фанови не стивнува. Секогаш ќе боли овој 16 октомври.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 октомври, 2019 11:20

Беше и остана ангел во човечка форма, ти беше посебен -Цетински со емотивна порака за Тоше

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фотот точка.мк

Денеска навршуваат 12 години од смртта на најголемата македонска ѕвезда која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, Тоше Проески. 

Но и по дванаесет години болката кај неговите пријатели, најблиските и неговите фанови не стивнува. Секогаш ќе боли овој 16 октомври.

Речиси и нема позната јавна личност која денеска не се присети на неговиот ангелски глас, па така и неговиот пријател Тони Цетински посвети статус на големиот Тоше Проески.

Фејсбук статус на Тони Цетински посветен на Тоше Проески

,,Секоја година неумоливо доаѓа тој ден” ,напиша хрватскиот пејач Тони Цетински во емотивната објава на Инстаграм .

На профилот на Фејсбук ја сподели песната ,,Игра без граници” а во описот напиша…

 

Тоше ЗАСЕКОГАШ !

Секоја година доаѓа тој ден, тоа утро кога не сакаме да го знаеме, слушаме или чувствуваме, но доаѓа немилосрдно и не потсетува колку сме кревки и колку никогаш не знаеме што носи наредниот ден.

Многу е тешко, веќе дванаесет години да се прифати дека не си тука. Нашата единствена надеж е дека беше и остана ангел во човечка форма и дека тие постојат и секогаш остануваат покрај нас.

Сакам да кажам и да повторам дека навистина беше посебен. Благодарение на тебе, твоето однесување, скромноста, товите постапки, сигурен сум дека ангелите се тука со нас во човечка форма. Беше еден од оние луѓе што ја обновува вербата во човештвото, во ангелите кои одат по земјата.

Можеше да имаш многу повеќе овде на земјата, но ние ќе го надоместиме тоа откако ќе се сретнеме во вселената.
Драг Тоше, те сакаме до последен здив. Засекогаш мојот брат – напиша Тони во емотивната објава .

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.