Ако не беше случајот со трустовите... бевме толку блиску, едноставно бев многу расеан. Затоа ја направив таа пресудна грешка.

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2019 15:20

Бил Гејтс: Да не ја направев до сега најголемата грешка “Мајкрософт” ќе беше крал на мобилните оперативни системи

Фото/Текст извор: ©факултети

Бил Гејтс неодамна изјави дека денес сите би користеле „Виндоус мобајл“ доколку „Мајкрософт“ не се најдеше среде истрага за трустови од министерството за правда на САД.

– Не постои сомневање дека тужбата за трустови беше лоша за „Мајкрософт“ и ние ќе бевме пофокусирани на создавање оперативен систем за телефони, па така наместо да користите „Андроид“, вие ќе користевте „Виндоус мобајл“. Ако не беше случајот со трустовите… бевме толку блиску, едноставно бев многу расеан. Затоа ја направив таа пресудна грешка.

Преминувањето на „Мајкрософт“ од „Виндоус мобајл“ на „Виндоус фон“ му овозможи на „Андроид“ да завладее со пазарот, но тоа не е сè – компанијата дури ја пропуштила и можноста да направи свој оперативен систем на атрактивен и клучен уред од „Моторола“.

– Доцневме три месеци – да стигневме навреме „Моторола“ би го користела нашиот систем, а во оваа ситуација победникот земаше сè. Сега, никој никогаш не слушнал за „Виндоус мобајл“, но во ред. Во игра беа само стотина милијарди долари – вели тој.

Никому не му е јасно за кој моторола-уред зборува Гејтс, но вреди да се напомене дека компанијата пред десет години ја лансира серијата уреди „дроид“ со оперативен систем „Андроид“ и тие беа вистински хит. „Моторола“ е една од главните причини што „Андроид“ стана популарен и што „Виндоус мобајл“ пропадна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...