Бил Гејтс пред една година на конференцијата организирана од медицинската заедница во Масачусетс, рече дека на светот му се заканува епидемија од која животот ќе го загубат околу 33 милиони луѓе и тоа за само 6 месеци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јануари, 2020 20:53

Бил Гејтс пред една година предупреди за вирусот во Кина- за кратко време може да умрат 33 милиони луѓе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред една година американскиот бизнисмен и микрокомпјутерски пионер Бил Гејтс ја предвиде појавата на смртоносниот вирус кој сее страв во светот.

Бил Гејтс пред една година на конференцијата организирана од медицинската заедница во Масачусетс, рече дека на светот му се заканува епидемија од која животот ќе го загубат околу 33 милиони луѓе и тоа за само 6 месеци.

Вилијам Хенри Гејтс III (роден на 28 октомври, 1955), познат како Бил Гејтс, е американски бизнисмен и микрокомпјутерски пионер. Тој, заедно со други, го има напишано оригиналниот Altair BASIC интерпретатор за Altair 8800 (првиот комерцијално успешен личен сметач). Тој, заедно со Пол Ален ја имаат ко-основано Мајкрософт корпорацијата и моментално е нејзин директор и главен софтвер архитект. Според списанието Форбс, Бил Гејтс е третиот најбогат човек на светот. Тој живее на езерото Вашингтон, во Медина, Вашингтон, во една од најскапите куќи на светот, проценета на 125 милиони долари.

Гејтс тогаш истакна дека светот „не посветува доволно вниманиена напредокот на подготвеноста за пандемија“.

„Во случај на биолошки закани, нема чувство за брза реакција. Светот мора да се подготви за пандемии на ист начин како што се подготвува за војна“, рече тој.

Во својата презентација Бил Гејтс тогаш претстави една студија со која покажува колку брзо може да се шири нова болест. 

По само една година од неговата презентација, светот се соочува со смртоносниот корона вирус кој однесе над 17 животи.

Кинеските власти го известиле СЗО на 31 декември за појавата на досега непознатата пневмонија во централниот град Вухан, со население од 11 милиони луѓе. На 7 јануари кинеските експерти ја идентификуваа причината за заболувањето – коронавирус 2019-nCoV.

Вчера Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ) објави дека развојот на вакцината против новиот тип на коронавирус ќе трае најмалку една година.

Вчера бројката на заболени од овој вирус беше 440 но за еден ден се покачи на 517, а смртоносниот вирус однесе 17 животи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.