Тој за Бизнис инсајдер изјави дека по пандемијата, ќе има 30 проценти помалку канцелариска работа.

Објавил: Мате Парлоф | 21 ноември, 2020 17:54

БИЛ ГЕЈТС ИМА НОВИ ПРОГНОЗИ: Ова нема да биде можно дури и по пандемијата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

„По завршувањето на пандемијата на вирусот корона, ќе има дури 50 проценти помалку службени патувања отколку порано, додека процентот на оние кои работат од дома ќе се зголеми“, предвидува еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс.

Тој за Бизнис инсајдер изјави дека по пандемијата, ќе има 30 проценти помалку канцелариска работа.

Основачот на „Мајкрософт“ смета дека компаниите ќе го подигнат прагот за деловно патување по здравствената криза и дека ќе бидат одржани приватни состаноци доколку тие навистина бидат итни.

Минатиот месец Мајкрософт објави дека ќе откаже половина од своите деловни летови по пандемијата и дека вработените во таа компанија многу поретко доаѓаат на работа, а ќе работат почесто од дома.

Воведување на сличен хибриден модел веќе објавија и други технолошки компании како Твитер и Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.