Штетни честички во воздухот во Битола ,граѓаните бараат начин како да го заштитат своето здравје.

Објавил: admin@magazin | 23 декември, 2018 8:13

Битола деновиве најзагаден во Македонија! Нема мерки на повидок

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Мерните станици покажуваат и до десет пати поголема концентрација на штетните честички во воздухот.Активисти од градот бараат начин како да се заштитат пред да бидe предоцна.

Во изминатиот период мерните единици покажуваат енормно загадување и присуство на ПМ 10 честичките. Со 600 микрограми на метар кубен Битола доцна синоќа повторно беше еден од најзагадените во земјава. Битолчани сами обезбедиле мерна станица бидејќи не се задоволни од локалните власти, со цел како што велат, да го лоцираат вистинското загадување. Апаратот го поставиле на Широк Сокак, а резултатите од првиот ден велат дека биле поразителни.

Новите податоци од центарот за јавно здравје во Битола покажуваат дека бројот на лица со малигни заболувања од 670 во 2013 се искачил на 2.700 минатата година.

 Проблем за нив е и тоа што со години не се наоѓа решение за аерозагадувањето, за кое велат дека од година во година се зголемува.
Статистиката од Институтот за јавно здравје на Република Македонија покажува дека во битолскиот здравствен регион повеќе од 200 лица годишно ја губат битката со ракот. 

Како што пренесуваат од здружението проблемот со мерните станици во Битола е тоа што иако се квалитетни, резултатите од нив пристигнуваат предоцна за да имаат некаков ефект.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести