Разочарувања од актуелната власт во конзулскиот град

Објавил: Узунов Бобан | 8 февруари, 2019 15:41

Битолчани за само една година тотално разочарани од градоначалничката (видео анкета)

Фото/Текст извор: ©магазин

Битолчани се разочарани од градоначалничката Наташа Петрова, покажува последната анкета на ТВ 24 вести од Широк Сокак. Тие велат дека градоначалничката во предизборието им ветувала многу решени проблеми за Битолчани, а сега им останале само нејзините неисполнети ветувања.

Дури и граѓаните од редовите на СДСМ се против Наташа Петрова. Имено, во видеото се појавува и таткото на претседателот на ОО на СДСМ Битола, Методија Тасевски. Тој вели дека Петрова треба да си даде оставка. „Да си даде оставка. Нема ништо направено во градов“, вели таткото на претседателот на СДСМ во Битола.

Битола за време на владеењето на СДСМ и градоначалничката Петрова е еден од градовите со најниска комунална хигиена, несреден Клинички Центар и недоправени улици. Граѓаните се жалат на сиромаштија и на невработеност. Тие велат дека Битола е уништена: „Беспарица и уништена Битола, веќе ништо немаме во Битола“, вели една госпоѓа од испитаниците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести