Како што информираа од Градот, новиот в.д. директор Бобан Црничиќ досега беше деловен асистент на Смаиловиќ.

Објавил: Владо Марин | 18 август, 2020 12:59

Бобан Црничиќ нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Бобан Црничиќ е новиот в.д. директор на јавното претпријатие „Улици и патишта“. Назначувањето го направи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој завчера го разреши досегашниот директор Сенад Смаиловиќ.

Како што информираа од Градот, новиот в.д. директор Бобан Црничиќ досега беше деловен асистент на Смаиловиќ.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил известува дека досегашниот директор на ЈП Улица и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ вчера беше разрешен од досегашната функција.

Градоначалникот Петре Шилегов го разреши од функцијата директорот на ЈП „Улици и патишта“ Санад Смаиловиќ. Шилегов на својот фејсбук профил попладнево објави дека го разрешил од функцијата Смаиловиќ, не давајќи дополнително образложение.

Кај Смаиловиќ во саботата во Струга, според дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи објавен вчера, бил пронајден кокаин.
Имено, во полицискиот билет беше објавено дека на 15 август, во 22:40 часот на улицата „Владо Малески“, во Струга, полициски службеници од полициската станица-Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести