Ова е второ спроведување на осомничениот Боки 13 во јавното обвинителство оваа недела, откако во понеделникот беше донесен првпат.

Објавил: admin@magazin | 25 септември, 2019 13:09

БОКИ 13 НЕ ГО МЕНУВА СТИЛОТ: Денеска повторно се појави во судот со модерен мантил!(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©(Фото: К.Попов )магазин.мк

Бојан Јовановски денеска повторно беше спроведен од затворот во Шутка во Обвинителството за организиран криминал и корупција да изврши увид во доказите против него.

Ова е второ спроведување на осомничениот Боки 13 во јавното обвинителство оваа недела, откако во понеделникот беше донесен првпат. Тогаш, се очекуваше дека Јованоски е спроведен за исказ, но доби известување дека истрагата е завршена.

Исказ вчера не даде ниту трето осомничената во „Рекет“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која, исто така, побара прво да ги види доказите против неа. 

Второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец ќе биде пуштен во домашен притвор, откако вчера судија на претходна постапка, по добиено позитивно мислење од обвинителството, го уважи предлогот на одбраната како основан.

– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З. М., опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор од 19.09.2019, истиот го достави на мислење кај надлежен јавен обвинител. Денеска по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести