Kриминалците ќе бидат уништувани како лебарки

Објавил: Узунов Бобан | 7 август, 2019 9:48

Бразилскиот претседател: Kриминалците ќе бидат уништувани како лебарки

Фото/Текст извор: ©магазин

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро бара одобрување на закон што ќе ги заштити од прогон полицијата и воените сили, но и граѓаните кои ќе убијат криминалец што претходно сакал да ги нападне.


Активистите велат дека агресивните и дехуманизирачки зборови на Болсонар веќе предизвикале пораст на полициско насилство, главно насочено кон сиромашните, млади црнци. 

Крајниот десничарски бразилски претседател Жаир Болсонаро изјави дека се надева оти криминалците ќе „умрат на улиците како лебарки“ по новиот закон кој се обидува да „го протурка“.


Активистите се плашат дека тоа може да предизвика масовни убиства, но Болсонаро тврди дека ќе им обезбеди неопходна „правна заштита“ на полицајците кои користат вооружена сила и во исто време сметаат дека тоа ќе донесе драматичен пад на насилството.

Болсонаро тврди дека бразилската полиција води борба во нееднаква битка против злосторствата и дека треба да се одликуваат по употребата на огненото оружке, а не да се гонат судски. Покрај полициските службеници, „чесните граѓани“ заслужуваат заштита ако убиле некого со тоа што ќе го заштитат својот живот или имот, изјави бразилскиот претседател.

Адвокатот за човекови права и активист за човекови права, Ариел де Кастро Алвеш, смета дека агресивните и нехуманите зборови на Болсонар веќе предизвикале раст во смртоносно полициско насилство, првенствено насочено кон сиромашни, млади црнци и дека планираниот нов закон ќе ја влоши ситуацијата, тврди британскиот Гардијан.

Воената полиција во Сао Паоло убила 414 лица во првата половина на 2019 година, што е највисоко од 2003 година, изјави Де Кастро Алвеш.

Во Рио де Жанеиро, полицијата уби 434 лица само во првите три месеци од оваа година, што е рекорд во повеќе од две децении. Во првата половина од оваа година, полицијата во Рио убила 881 луѓе, или просечно по едно лице на секои пет часа.

Според официјалните бројки, скоро 6.200 луѓе загинале од бразилската полиција минатата година, а 5.225 во 2017 година

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести