Не стивнуваат рекациите по повод авантурата на Бујар Османи

Објавил: Узунов Бобан | 17 септември, 2019 14:58

Братот на Ермира Мехмети до Османи: Да отидеше до Мала Речица и да побараш да стават државно знаме

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешен активист на Шарената револуција, а сега советник на генералниот секретар на СДСМ, Замир Мехмети ја критикува акцијата која ја спроведе вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој во саботата ги обиколи институциите низ Скопје за да провери дали го спроведуваат законот за двојазичност и дали се поставени табли и на албански јазик.

„Убаво е тоа што вице премиерот за европски прашања оди во инспекција по институции за да види дали се спроведува законот за двојазичност.

Ќе беше уште поубаво ако текстот со видеото беа преведени и на македонски, пошто нели се залагаме за спроведување на закон..

А најубаво ќе беше и да отидеше до мала Речица за да побара конечно да биде поставено државното знаме, а не вака селективно да брка ситни политички поенчиња.

Или се бориш за вистинско спроведување на закон, или вака си се брукаш себеси и партијата трето нема!“, напиша Мехмети на својот фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести